1713 Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија. 1903 Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери. 1941 Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. 1968 При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената. 1977 Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници. 1992 Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија. 1999 Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар. 27 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 27 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.