Алтрој (германски: Altreu) ― село во Општина Селцах во Округ Леберн во кантонот Золотурн, Швајцарија.
Географија мини| Воздушен поглед (1955 година). Алтрој лежи на 429 м надморска височина, 7 км запад-југозапад од главниот град на кантонот Золотурн. Селото стои покрај северниот брег на Аре и на местото на средбата на двата потоци Хагбах и Селцахербах, непосредно пред да се влеат во Ааре. Селото се наоѓа на речиси три километарската низина кај Аре, западно од золотурнскиот дел од швајцарското плато.
Рекреација Алтрој е место за планинари и велосипедисти долж меандрираниот тек на Аре. Алтреу е меѓународно познат по својата колонија на бели штркови, која била основана од конзерваторот Макс Блеш во 1948 година; Резерватот „Вити“ од 15 км2 служи како ловиште и место за одмор за штрковите во мочуришните предели на Аре. Во 2008 година, Алтрој бил препознаен како Европско село на штркот од фондацијата Еуронатур (EuroNatur).
Превоз Селото е подалеку од главните сообраќајници, но е лесно да се стигне од блискиот Селцах. Алтрој е поврзан со автобуска линија до железничката станица во Гренхен. Железничката станица „Селцах“ на линијата Золотурн- Бил е приближно 1 км од средиштето на селото. Фериботот Лојциген -Алтрој превезува патници преку Аре, а Алтрој е исто така станица за патничкиот брод меѓу Бил и Золотурн.
Историја Во областа кај Алтрој некогаш стоела римска тврдина, заедно со мост што ги поврзувал римските патишта северно од Аре со главниот пат на југ помеѓу Авентикум и Салодурум (Золотурн).
Првото забележано спомнување на градот се појавило во 1280 година како Алтруа (Altrua); од 1330 година името се појавува како Алтриве (Altrüwe). Околу 1260 година, благородничкото семејство Нојенбург-Штрасберг го основало средновековното гратче Алтрој, кој бил зајакнат со ѕидови, ровови и замок; Во тоа време бил изграден и дрвен мост над Аре. Регионот северно од Аре кој се одвоил од штрасбершкиот хершафт во 1309 година бил именуван по Алтрој; оваа област ги опфаќала териториите на денешните општини Селцах и Бетлах, како и западниот дел на Ломисвил. Во 1340 година Алтрој бил купен од семејството Нојенбург-Нидау.
Напаѓачката гуглерска платеничка војска го уништила гратчето и мостот во 1375 година, а градот потоа не бил обновен бидејќи ерозијата и промените во текот на Аре се повеќе му се заканувале на гратчето. Золотурнскиот бургер Рудолф Зефрид фон Ерлах ја купил областа во 1377 година и ја дал на градот Золотурн во 1389 година, каде што бил споен во областа Леберн.
На местото на поранешното гратче пораснало поселок кое, иако дел од Општина Селцах, поседувало одреден степен на автономија до 1831 година со свој аман (бајлиф), заедничка земја и вајбел (вид на швајцарски службеник со различни административни и церемонијални должности).
Галерија
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Села во Швајцарија