Бата̀к () — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Батак во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 2.722 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот се наоѓа во западните Родопи, на 1036 м надморска височина. Сместен е во котлина, од сите страни опкружена со ридови, а над нив се издигаат врвовите на Баташката Планина. Недалеку од градот се наоѓаат некои од највисоките врвови на Родопите — Баташки Снежник (2082 м) и Гољама Сјутќа (2185 м).
Батак се наоѓа на 15 км од градот Пештера, 35 км од регионалниот центар Пазарџик и околу 55 км од Пловдив.
Историја Селото Батак првпат било спомнато во 1592 година во натпис на чешмата на Кричимскиот Манастир, кој се наоѓал во сопственост на Сулејман I. Жителите на Батак се занимавале со сеча, обработка на дрво, трговија и одржувале гостилници. Во 1813 година била изградена црквата на „Светата Недела“ (сегашната историска црква), а во 1835 година било отворено училиште.
Батак бил еден од центрите на Априлското востание во 1876 година и, по петдневни борби, станал сцена на масакрот во Батак, во кој загинале околу 5.000 луѓе,Religion, Ethnicity and Contested Nationhood in the Former Ottoman Space, Editors J. Rgen Nielsen, Jørgen S. Nielsen, Publisher BRILL, 2011, , p. 282. а градот бил изгорен до темел. Информациите за масакрот брзо се проширил во светските медиуми, а меѓународниот јавен одзив, заедно со другите настани од Априлското востание, создале предуслови за Руско-турската војна.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Батак
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Пазарџик