Винсенти Витос ( 22 јануари 1874 – 31 октомври 1945) полски политичар, истакнат член и водич на Полската народна партија (ПСЛ), трикратен премиер на Република Полска во периодот на 1920тите.

Бил член на Полската народна партија од 1895 година, а лидер на нејзината фракција „Пијаст“ од 1913 година. Бил пратеник во галицискиот парламент од 1908 до 1914 година и пратеник во Австрискиот државен совет во Виена од 1911 до 1918 година. Витос исто така бил лидер на полскиот комитет за ликвидација ( ) во 1918 година, шеф на партијата Пијаст и пратеник во полскиот Сејм (парламент) од 1919-1920 година.

Витос три пати јас извршувал фукцијата, премиер на Полска, во 1920-1921, 1923 и 1926 година. Во 1926 година, во време на третата влада на Витос била соборена од мајскиот државен удар предводен од Јозеф Пилсудски. Витос бил еден од водачите на опозицијата на владата на Санача како шеф на Центролев (1929–1930) и бил коосновач на Народната партија. Набргу потоа бил затворен, а подоцна живеел во егзил во Чехословачка од 1933 до 1939 година. Во тоа време, го сметале за „месија на селаните“. По пребегнувањето се вратил во Полска само за кратко, кога повторно бил затворен од Германците.

Во лоша здравствена состојба, во март 1941 година, бил ослободен под надзор на Германците и му било наредено да остане во Вирцхославице. Во јули 1944 година, германските окупаторски власти побарале од него да се изјасни во антисоветски апел, но одбил да го стори тоа. Во 1945 година бил номиниран за еден од потпретседателите на Државниот национален совет () по Втората светска војна. Во 1945-46 Народната партија била реорганизирана и преземена од Станислав Миколајчик.

Биографија Винсенти бил роден во селско семејство во Вирцхославице. Неговите родители биле Војчех и Катаржина (моминско Срока). Семејството било сиромашно, имало малку земја и биле без добиток. Живееле во колиба со една соба која претходно била и штала. Винсенти имал двајца браќа, Јан и Анджеј. Анджеј подоцна станал и водач на полското аграрно движење.

Своето образование го започнал во селското училиште на десетгодишна возраст и завршил четири одделенија. Потоа, тој работел, помагајќи му на својот татко, како дрвосечач на принцот Евстахиј Станислав Сангушко.

Помеѓу 1895 и 1897 година Винсенти служел во австриската армија (Галиција била дел од австриската поделба на Полска), прво во пешадија, а потоа во артилерија. Бил стациониран во Тарнов, Краков и Кжеславице.

На 9 февруари 1898 година се оженил со Катаржина Трах. Неговата ќерка Јулија е родена на 22 март 1899 година.

Рана политичка активност На деветнаесетгодишна возраст ја објавил својата прва статија во весник во Przyjaciel Ludu („Пријател на народот“) со седиште во Лавов, под псевдонимот „Maciej Rydz“. Во 1895 година Витос се приклучил на галициската Народна партија, а во февруари 1903 година бил избран во Извршниот комитет на партијата. Во 1908 година бил избран за делегат на Собранието на Галиција во Лавов и служел до 1914 година.

Во април 1909 година Витос бил избран за градоначалник на неговото родно Вирцхославице. За време на неговиот мандат се фокусирал на економскиот развој на селото, ја надгледувал изградбата на воденицата и социјалениот центар, ги подобрил локалните патишта, го проширил училиштето и организирал земјоделска задруга и кредитна унија. Постепено се издигнал во редовите на аграрното движење.

Патот до независноста десно|мини|250x250пкс| Винсенти Витос (десно) и Игнаси Дашински. Во декември 1913 година, Народната партија се распаднала. Како резултат на тоа, во февруари 1914 година, Витос бил избран за потпретседател на новосоздадената политичка партија Полска народна партија „Пијаст“ (Polskie Stronnictwo Ludowe „Piast“). Во 1911 година бил заменик на партијата во Претставничкиот дом на Царскиот совет на Австрија. Технички останал член на австриската влада до 1918 година.

По избувнувањето на Првата светска војна во 1914 година, Витос уште повеќе се заангажирал во партиските активности. Неговата група се приклучила кон Врховниот национален комитет, а Витос бил потпретседател на оваа квазивлада за Полјаците во Галиција. Со развојот на политичките настани поврзани со војната и Комитетот ја губел својата важност, а Витос поднел оставка.

За време на војната, Винсенти одржувал контакт со активистите на полското движење за независност, вклучувајќи ги Игнаси Падеревски и Јеџеј Морачевски. Исто така, го поддржал Јозеф Пилсудски, кого го гледал како иден водач на реконституираната полска армија. Поддршката од страна на „Пијаст“ за Пилсудски се зголемила по кризата со заклетвата и протерувањето на Пилсудски од страна на Германците. Постепено, членовите на Полската народна партија почнале да разбираат дека најдобро за каузата на полската независност ќе биде сојузот со Антантата и затоа почнале да ги поддржуваат антигерманските, национални демократи. Во 1917 година Витос се приклучил на Националната лига на Роман Дмовски но подоцна ја напуштил организацијата во 1918 година

Во 1916 година станал претседател на „Пијаст“. Тој бил коавтор на манифестот, кој ги прогласил целите на реконституирана, независна Полска и бил објавен во мај 1917 година. На 28 септември 1918 година, станал еден од двајцата директори на полскиот комитет за ликвидација, привремена влада чија цел била да го зачува законот и редот во поранешната австриска поделба за време на транзицијата кон избрана полска влада. Комитетот ја прогласил Западна Галиција како независна од Австро-Унгарија. Витос бил поканет да се приклучи на владата на Игнаси Дашински, но ја одбил понудата поради политички разлики. Витос не бил задоволен и од фактот што новата влада немала претставник од Пруската партиција.

Премиер: 1920-1921, 1923, 1926 година

Втор кабинет На 17 мај 1923 година, во Варшава бил склучен договор помеѓу полскиот центар ( Полската народна партија „Пијаст“ ) и десничарските партии (првенствено Народен национален сојуз и Полската христијанска демократска партија и неколку помали партии, познати како Христијанска унија на национално единство) наречен Ланкоронски пакт. Политичарите на тие партии се согласиле да водат поинтензивна политика на полонизација и да ја зголемат улогата на Католичката црква во државата. Потоа се иницирала програмата за полонизација на источните гранични земји. Пактот бил потпишан во станот на Јулиуш Здановски во Варшава, еден од водачите на Народниот Национален Сојуз. Неговото име се поврзува со фактот дека се преговарало за недвижен имот на сенаторот Лудвик Хамерлинг, кој бил избран во областа која ја опфаќала Ланкорона. Договорот довел до разрешување на владата на Владислав Сикорски и создавање на коалицијата Чјено-Пијаст на 28 мај, со новата влада на Витос. Поранешниот полски шеф на државата, Јозеф Пилсудски, кој поднел оставка тврдејќи дека нема да учествува во владата, составена од страни одговорни за смртта на претседателот Нарутович.

На 16 ноември 1923 година, во Сејмот имало гласање за доверба на владата на Витос. Од вкупно 195 пратеници, против гласале 176. Набрзо потоа дошло до поделба во ПСЛ „Пијаст“ - а партијата ја напуштиле 15 пратеници. Во исто време, група сецесионисти кои ја напуштиле групата порано (групата ПСЛ Народно единство на Јан Дабски) се споиле со ПСЛ „Ослободени“. Партијата на Витос загубила 1/3 од своите членови за време на неговиот мандат како премиер. Тоа било причина, на 14 декември 1923 година да поднесе оставка.

Трет кабинет и државниот удар Во ноември 1925 година, владата на премиерот Владислав Грабски била заменета со владата предводена од министерот за надворешни работи Александар Скржински, која добила поддршка од Национал-демократите и Полската социјалистичка партија. Генерал Лучан Желиговски станал министер за воени работи на новата влада. Меѓутоа, откако ППС ја повлекла својата поддршка, оваа влада набрзо паднала и била заменета со онаа на Витос, формирана од Полската народна партија „Пијаст“ и Христијанската унија за национално единство (Чјено-Пијаст). Сепак, оваа нова влада имала уште помала поддршка кај народот од претходните, а изјавите на Јозеф Пилсудски, кој сметал дека постојаните промени на моќта во Сејмот се хаотични и штетни, придонеле за подоцна организираниот државен удар. Освен домашните превирања, полската политика била потресена од трговската војна со Германија, започната во јуни 1925 година, и со потпишувањето на Договорот од Локарно на 16 октомври. Според условите на договорот, западноевропските сојузнички сили од Првата светска војна и новите држави од Средна и Источна Европа се обиделе да обезбедат повоено територијално решение во замена за нормализирани односи со поразената Германија. На 10 мај 1926 година, била формирана коалициска влада на демохристијаните и аграрите, а истиот ден Јозеф Пилсудски, во интервју за Утринскиот курир (Kurier Poranny), изјавил дека е „подготвен да се бори против злото“ на сејмократијата и ветил „санација“ на политичкиот живот. Изданието на весникот веднаш било одземено од властите.

Ноќта помеѓу 11 и 12 мај, во воениот гарнизон во Варшава била прогласена состојба на готовност, а некои единици марширале кон Рембертов, каде што му ветиле поддршка на Пилсудски. На 12 мај, тие се упатиле кон Варшава и ги освоиле мостовите на реката Висла. Во меѓувреме, владата на Витос прогласила вонредна состојба. Околу 17:00 часот, маршалот Пилсудски се сретнал со претседателот Станислав Војчеховски на мостот Понијатовски. Мајорот Маријан Порвит, кој командувал со еден од трупите лојални на власта, му се јавил на претседателот, а потоа му се јавил и на Пилсудски и бил сведок на дискусијата меѓу двајцата достоинственици. Пилсудски побарал оставка од кабинетот на Витос, додека претседателот барал отстапување од страна на Пилсудски. По неуспехот на преговорите и заминувањето на претседателот, мајорот Порвит одбил Пилсудски да го пушти да го помине мостот. На 14 мај, околу 13:00 часот, кабинетот на Витос одлучил да се пресели од палатата Белведер во Виланов. Војчеховски ја дозволил оваа одлука еден час подоцна. По префрлањето во Виланов, Војчеховски и Витос преговарале со командантите на трупите лојални на кабинетот. Војската одлучила да се пресели во Познањ и да ја одржи вооружената борба од надвор. На крајот, за да спречат борбите во Варшава да се претворат во граѓанска војна ширум земјата, и Војчеховски и Витос решиле да поднесат оставка и издадат наредба до своите трупи да престанат со братоубиствените борби. Била формирана нова влада под премиерот Казимиерз Бартел, со Пилсудски како нов министер за осбрана. На 31 мај 1926 година, Националното собрание го предложило Пилсудски за претседател, но тој одбил. На крајот, Игнаси Мошицки станал нов претседател; но сепак Пилсудски, имал многу поголема моќ отколку што му ја давало неговото воено министерство.

Пост-премиерски период

Центролев десно|мини|274x274пкс| Витос во 1928 годинаНа 26 мај 1926 година, Витос поднесел оставка како претседател на Полската народна партија „Пијаст“ кратко време по неговото отстранување од власт, иако таа не била усвоена. Тој поднел оставка во 1927 година како претседател на Малополското земјоделско друштво поради ограничувањето на државната финансиска помош. На 18 август 1927 година, покраинската канцеларија во Краков го распуштила Сојузот на поглаварите на комуните, кој бил создаден од страна на Витос и дејствувал во Мала Полска под негово раководство. На полските парламентарни избори во 1928 година, Витос успешно се пријавил за парламентарен реизбор како член на Сејмот за округот Тарнов, со добивање на најголем број гласови за оваа изборна единица. На 9 април 1929 година, војводата на Краковското војводство Миколај Квашњевски, го отстранил Витос од одборот на локалната самоуправа во Тарнов, каде бил член на овој одбор од 1905 година. Витос останал во опозицијата за време на режимот на санација.