мини|300п|Самурај во оклоп во 1860-те; рачно боена фотографија од Феличе Беато. Самураи () — воената благородничка и офицерска каста во средновековниот и нововековниот период од XII век до нивната забрана во 1870-тите години. Тие биле добро платени заштитници на даимјо-земјопоседниците (најголемите феудалци во Јапонија). Се одликувале со висок престиж и специјални привилегии како што е, на пример, носењето на два меча. Тие го култивирале кодексот бушидо на боречки доблести, биле учени на занемарување на физичката болка, и бескомпромисна лојалност, борејќи се во многу локални битки. За време на мирната епоха едо (1603 до 1868 г.) тие станале обезбедувачи во домовите на даимијоо имотите, стекнувајќи искуство во одржувањето и образованието. Во 1870-те, самурајските фамилии броеле околу 5% од популацијата на Јапонија. Револуцијата Меиџи ја прекинала нивната феудална улога, па тие се пренасочиле во професионалните и претприемачки води. Нивниот спомен и орудие остануваат култни во јапонската поп-култура.

Етимологија мини|160п|Канџи знакот за самураи. На јапонски, тие обично се нарекуваат , што значи „воин“ или . Според преведувачот Вилијам Скот Вилсон:

До крајот на XII век, „самураите“ скоро во целост станале синоним на „буши“ (воини), па зборот станал тесно поврзан со средниот и горниот ешалон на воинската класа. Самураите обично биле поврзани со клановите и нивниот господар, и биле обучени како офицери за воена тактика и велика стратегија. Иако самураите по бројност биле помалку од 10% од тогашната популација во Јапонија,"Samurai (Japanese warrior) ". Encyclopædia Britannica. денес нивните учења сè уште можат да се најдат и во секојдневниот живот, и во современите јапонски боречки вештини.

Историја мини|250п|Шлем од Кофун периодот, позлатен бакар, V век, Исе провинција. Асука и Нара епохи По Битката кај Хакусукиное против Танговската Кина и Сила во 663 г.н.е., што довела до повлекување од корејските земји, Јапонија претрпела широка реформа. Една од најважните била Таика реформата, издадена од принцот Нака-но-Оое (императорот Тенџи) во 646 година. Овој указ и дозволил на јапонската аристократија да ја прифати политичката структура, бирократијата, културата, религијата и филозофијата на династијата Танг.William Wayne Farris, Heavenly Warriors – The Evolution of Japan's Military, 500–1300, Harvard University Press, 1995. Како дел од Таихоо кодексот од 702 година, и подоцнежниот Јоороо кодекс,A History of Japan, Vol. 3 and 4, George Samson, Tuttle Publishing, 2000. од населението се барало редовно да се пријавува за попис. Разбирајќи како е дистрибуирано населението, Императорот Монму вовел закон според кој 1 од 3 до 4 возрасни мажи биле повлечени во националната војска. Од овие војници се барало да се снабдуваат со сопствено оружје, а за возврат биле ослободени од давачки и даноци. Ова бил еден од првите обиди на империјалната влада да формира организирана армија по примерот на кинескиот систем. Подоцнежните историчари му го дале терминот „Гундан-Сеи“ (軍団制) и се верува дека траел кратко. Таихоо кодексот ги класифицирал повеќето бирократи на Империјата во 12 редови, секој поделен во два подредоци, а првиот ред бил највисокиот советник на императорот. Оние од 6-ти ред и подолу биле наречени „самурај“ и се занимавале со секојдневни работи. Иако овие „самураи“ биле цивилни јавни службеници, се верува дека современиот збор произлегува од овој термин. Меѓутоа, воениот персонал не бил нарекувани „самурај“ уште многу векови понатаму.

Хеиан епоха Во раниот Хеиански период, за време на крајот од VIII и почетокот на IX век, Императорот Канму се обидел да го консолидира и прошири своето владеење во северен Хоншу и испратил воени походи против Емишите, кои се спротивставиле на управувањето од царскиот двор со седиште во Кјото. Канму ја вовел титулата „сеии-таишоогун“ (), или „шоогун“, и започнал да се потпира на моќните регионални кланови за освојување на Емишите. Вешти во јавање и стрелаштво (кјуудоо), овие воини на кланот станале најпосакувана алатка на императорот за загушување на бунтовите; од кои најпознат бил Саканоуе но Тамурамаро. Иако ова била прва позната употреба на титулата „шоогун“, таа била привремена титула и не значела политичка моќ сè до XIII век. Во тоа време (од VII до IX век), официјалните лица сметале дека се само воен дел под контрола на Империјалниот двор. мини|1000п|центар|Илустрација од Госанненската војна во XI век. На крајот, Канму ја распуштил својата војска. Со ова, моќта на императорот постепено опаѓала. Иако царот сè уште бил владетел, моќните кланови околу Кјото заземале позиции како министри, а нивните роднини купиле позиции како судии. За да соберат богатство и да ги отплатат своите долгови, судиите често воведувале големи даноци, што резултирало да многу од земјоделците останат без земја. Преку заштитни договори и политички бракови, аристократите акумулирале политичка моќ, на крајот надминувајќи ја и онаа традиционалната аристократија. Некои кланови првично биле формирани од земјоделци кои зеле оружје за да се заштитат од империјалните судии испратени да управуваат со нивните земји и да собираат даноци. Овие кланови формирале сојузи за да се заштитат од помоќните кланови, а до средината на Хеианската епоха тие присвоиле и карактеристични оклопи и оружје.

Доцна Хеианска епоха, Камакура Бакуфу, и самурајскиот подем мини|350п|Самурајски оо-јорои оклоп, Камакура период,Национален музеј во Токио. Во Камакура периодот (1185–1333 г.) се појавил подемот на самураите под власта на шоогуните бидејќи на нив „им била доверена безбедноста на имотите“ и биле симбол на идеален воин и граѓанин. Првично, царот и невоеното благородништво ги вработиле овие воини благородници. Со текот на времето, тие собрале доволно работна сила, ресурси и политичка поддршка, во форма на сојузи едни со други, за да ја воспостават првата влада во која доминирале самураите. Како што растела моќта на овие регионални кланови, нивниот поглавар бил типично далечен роднина на императорот и помал член на кланот Фуџиуара, Минамото или Таира. Иако првично биле испратени во провинциските области на определени четиригодишни мандати како магистрати, владетелите („торио“) одбиле да се вратат во главниот град кога им завршиле мандатите, а нивните синови ги наследиле своите позиции и продолжиле да ги водат клановите во задушувањето на бунтовите низ Јапонија за време на средниот и подоцнежен Хеиански период. Заради нивната зголемена воена и економска моќ, воините на крајот станале нова сила во политиката на царскиот двор. Нивната вмешаност во Хооген бунтот во доцниот Хеиански период ја консолидирал нивната моќ, по што подоцна се развило соперништвото помеѓу клановите Минамото и Таира во Хеиџи бунтот од 1160 година. мини|400п|лево|Илустрација на Хеиџи бунтот од 1159 г.

Победникот, Таира но Кијомори, станал царски советник и бил првиот воин кој достигнал таква позиција. Тој на крајот ја презел контролата врз централната влада, воспоставувајќи ја првата влада во која доминираат самураите и го спуштил императорот до фигуративен статус. Сепак, кланот Таира сè уште биле многу конзервативни во споредба со нивниот евентуален наследник, Минамото, и наместо да ја прошируваат или зајакнуваат својата воена моќ, кланот ги омажил своите жени со императорите, вршејќи контрола преку императорот. Таира и Минамото клановите повторно се судриле во 1180 г., започнувајќи ја Генпејската војна, која завршила во 1185 г. Самураите се бореле во поморската Дан-но-ура битка, во теснецот Шимоносеки кој ги одделува Хоншуу и Кјуушуу во 1185 година. Победникот Минамото но Јоритомо ја утврдил супериорноста на самураите над аристократијата. Во 1190 г., го посетил Кјото и во 1192 г. станал сеии-таишоогун, основајќи го шоогунатот „Камакура“ или „Камакура бакуфу“. Наместо да владее од Кјото, тој го поставил шоогунатот во Камакура, во близина на неговата база на моќ. „Бакуфу“ значи „шаторска влада“, термин земен од логорите во кои живееле војниците, во согласност со статусот на Бакуфу како воена влада.Wilson, p. 15

По Ганпејската војна, Јоритомо го стекнал правото да назначи „шуго“ и „џитоо“, и му било дозволено да организира војници и полицајци, како и да собира одредена сума на данок. Првично, нивната одговорност била ограничена на апсење на бунтовниците и собирање на потребните армиски резерви и им било забрането да се мешаат со „кокуши“ службениците, но нивната одговорност постепено се проширила. Така, класата на самураите станала политичка владејачка моќ во Јапонија.

Ашикага шоогунатот и монголските инвазии Различни самурајски кланови се бореле за моќ за време на шоогунатите на Камакура и Ашикага. Зен-будизмот се проширил меѓу самураите во XIII век и помогнал да се формираат нивните стандарди на однесување, особено надминувајќи го стравот од смртта и убиството, но меѓу општата популација бил фаворизиран чисто земниот будизам. мини|1000п|центар|Самураите од Шоони кланот се собираат за одбрана против монголската војска на Кублај Кан за време на првата монголска инвазија на Јапонија, 1274 г.

Во 1274 година, династијата Јуен, основана од Монголците во Кина, испратила сила од околу 40,000 луѓе и 900 бродови да ја нападнат Јапонија во северниот дел на Кјуушуу. Јапонија собрала само 10,000 самураи за да одговорат на оваа закана. Напаѓачката армија била вознемирена од огромни бури проследени со грмотевици во текот на целата инвазија, што им помогнала на бранителите нанесувајќи големи жртви. Јуанската војска на крајот се повлекла, а инвазијата била прекината. Монголските напаѓачи користеле мали бомби, што е веројатно првата појава на бомби и барут во Јапонија. Јапонските бранители ја препознале можноста за нова инвазија и започнале изградба на голема камена бариера околу заливот Хаката во 1276 година. Завршен во 1277 година, овој ѕид се протегал 20 км околу границата на заливот. Подоцна послужил како силна одбранбена точка против Монголците. Монголците се обиделе да ги решат работите на дипломатски начин од 1275 до 1279 година, но секој пратеник испратен во Јапонија бил погубен. центар|мини|1000п|центар|Скрол прикажувајќи го самурајот Такезаки Суенага од Хооџоо кланот (десно), поразувајќи ја армијата на Монголците (лево) во Битката кај Торикаи-Гата (1274 г.)Мооко Шуураи Екотоба (蒙古襲来絵詞)

Сè до втората монголска инвазија, Кублај Кан продолжил да испраќа емисари во Јапонија, со пет дипломати испратени во септември 1275 година во Кјуушуу. Хооџоо Токимуне, шиккенот на шоогунот Камакура, им одговорил со тоа што монголските дипломати ги донел во Камакура, а потоа ги обезглавил. Гробовите на петте погубени монголски емисари постојат до денес во Камакура кај Татсунокучи. На 29 јули 1279 година, уште пет емисари биле испратени од монголската империја, и повторно обезглавени, овој пат во Хаката. Овој континуиран пркос на монголскиот император ја поставил сцената за еден од најпознатите ангажмани во јапонската историја. мини|1000п|центар|Скрол што ги прикажува самураите качени на одбранбениот ѕид во Хаката, одбивајќи го нападот на Монголците во текот на Втората монголска инвазија (1293 г.)Мооко Шуураи Екотоба (蒙古襲来絵詞)

Во 1281 година, војска на Јуен дистанијата од 140,000 луѓе и 5,000 бродови била собрана за уште една инвазија на Јапонија. Северен Кјуушуу го бранела Јапонската армија од 40,000 луѓе. Монголската армија сè уште била на своите бродови и се подготвувала за закотвување кога тајфун го погодил северниот дел на островот Кјуушуу. Жртвите и штетите нанесени од тајфунот, проследени со јапонската одбрана на бариерата во заливот Хаката, резултирало во нов пораз на Монголците. мини|1000п|центар|Скрол прикажувајќи самураи кои се качуваат се на бродовите на флотата на втората монголска инвазија, убивајќи ги монголските војници на бродот (1281 г.)Мооко Шуураи Екотоба (蒙古襲来絵詞)