Јиншју (современ ; ) — местото на една од древните и главните историски престолнини на Кина. Тоа е изворот на археолошкото откритие на пророчките коски и записите на пророчките коски, што довело со утврдување на најраното познато кинеско пишување. Археолошките остатоци (или урнатини) познати како Јиншју го претставуваат древниот град Јин, последниот главен град на кинеската династија Шанг, што постоел во текот на осум поколенија през 255 години, и во текот на владеењето на 12 кралеви. Јиншју е откриен или повторно откриен во 1899 година. Сега е едно од најстарите и најголемите археолошки наоѓалишта во Кина, а во 2006 година е запишано во списокот на Светското наследство на УНЕСКО. Јиншју се наоѓа во најсеверната покраина Хенан во близина на современиот град Анјанг и во близина на границите со покраините Хебеи и Шаншји. Дозволен е јавен пристап на наоѓалиштето.

Традиционална историја Според речникот Shuowen Jiezi од II век (說文解字), кинескиот знак „“ (yīn) првично се однесувал на „живописно создавање музика“.See Shuowen Jiezi 說文解字 entry 殷. Иако често се користи во текот на пишаната историја за да се однесува и на династијата Шанг и на нејзиниот последен главен град, името Јин () се чини дека не било користено на овој начин до следната династија Џоу. Конкретно, името не се појавува во пророчките коски, кои се однесуваат на државата како Шанг (), и нејзиниот последен главен град како Dàyì Shāng (大邑商 „Големо Населено Место Шанг“).

Во зачуваните древни кинески историски документи, Јин е опишан како последен главен град на династијата Шанг. Сепак, има некои несогласувања за тоа кога се случила преселбата во Јин. И во Книгата на документи (конкретно, поглавјето „Пан Генг“, за кое се верува дека датира од доцниот пролетно и есенско раздобје), така и во Бамбусовите анали стои дека Шанг кралот, Пан Генг, ја преселил престолнината Шанг во Јин. Бамбусовите анали наведуваат, поконкретно, дека за време на неговото владеење Пан Генг го преселил главниот град од Јан (奄; денешен Куфу, во денешната покраина Шандонг), во местото наречено Бејминг (), а потоа бил преименуван во Јин (). (Спротивно на тоа, според <i>Записите на големиот историчар</i> Сима Чјиан, Пан Генг го преселил главниот град Шанг од местото северно од Жолтата Река во , главниот град на основачот на династијата Шанг Танг, на јужната страна на реката — местоположба што не е во согласност со местоположбата на Јин.)

Без разлика, Јин бил јасно воспоставен како главен град на Шанг во времето на Шанг кралот Ву Динг. Ву Динг започнал бројни воени походи од оваа база против околните племиња, со што го обезбедил владеењето на Шанг и ја подигнал династијата до нејзиниот историски зенит.

Според традиционалните извештаи, подоцнежните владетели станале трагачи на задоволство кои не се интересирале за државните работи. Кралот Џоу, последниот од кралевите од династијата Шанг, е особено запаметен по неговата немилосрдност и разврат. Неговите сè поавтократски закони го отуѓиле благородништвото сè додека кралот Ву од династијата Џоу не успеал да добие поддршка да се крене и да го собори Шанг.

Династијата Џоу го основала својот главен град во Фенгхао во близина на денешен Шјиан, а Јин бил напуштен и станал урнатини. Овие урнатини се споменати од Сима Чјиан во неговите Записи за големиот историчар, поточно во Битката кај Јулу, и детално опишани од Ли Даојуан во неговиот Коментар на класиката на реката, објавен во раздобјето на јужните и северните династии (420-589 г. н. е.). Потоа, некогашниот голем град Јин станал предание заедно со неговата основачка династија сѐ до неговото повторно откривање во последните години од династијата Чјинг.

Археолошки откритија мини| Волова скапула со Џенговото (爭) пророштво од времето на владеењето на кралот Ву Динг Јиншју е добро познат по своите пророчки коски, кои првпат биле препознаени дека содржат древно кинеско писмо во 1899 година од Ванг Јиронг, директор на Царската академија. Еден извештај за откритието на Ванг бил дека тој боледувал од маларија во тоа време и дека според традиционалната кинеска медицина му биле препишани лонгу (龍骨) (змејови коски). Забележал чудни резби на овие коски и заклучил дека тоа би можело да се примероци во древен облик на кинеско пишување.

Веста за откривањето на пророчките коски создала пазар за нив меѓу колекционерите на антиквитети и довело до повеќекратни бранови незаконски ископувања во текот на неколку децении, при што беа земени десетици илјади парчиња. Изворот на „змејовите коски“ на крајот бил пронајден во малото село Шјиаотун, во непосредна близина на Анјанг. Во 1910 година, истакнатиот научник Луо Џенју потврдил дека областа е местото на последниот главен град на династијата Шанг. Канадскиот мисионер и аналитичар на пророчки коски Џејмс Мензис, исто така, независно го идентификувал Анјанг како главен град во 1910 година. Во 1917 година, Ванг Гуовеи ги дешифрирал натписите на пророчките коски на имињата на кралевите Шанг и направил целосна Шанг генеалогија. Ова тесно се совпаѓа со она во Записите на големиот историчар Сима Чјиан, потврдувајќи ја историската автентичност на легендарната династија Шанг и археолошката важност на Јиншју. Како и да е, натписите на пророчките коски го бележат името на државата како Dàyìshāng () или Shāngyì ().

Првите официјални археолошки ископувања во Јиншју биле предводени од археологот Ли Џји од Институтот за историја и филозофија од 1928-37 година. Притоа биле откриени остатоци од кралски дворец, неколку кралски гробници и повеќе од 100.000 пророчки коски што покажуваат дека Шанг имал добро структурирано писмо со целосен систем на пишани знаци.

Од 1950 година, тековните ископувања на Институтот за археологија, Кинеската академија за општествени науки открила докази за стратификација на локалитетот Хоуганг, остатоци од дворци и храмови, кралски гробишта, натписи на пророчки коски, работилници за бронза и коски и откритието на локалитетот Хуанбеи на северниот брег на реката Хуан. Ископувањата на едно од најголемите и најстарите наоѓалишта во кинеската археологија, ги поставил темелите за работа низ целата земја.

На наоѓалиштето се препознаваат четири раздобја кои се во приближна корелација со раздобјата на пророчките коски што ги определил Донг Зуобин, кралското владеење и датумите определени од Хронолошкиот проект Шјиа-Шанг-Џоу како што следува: p. 241. Слој Раздобје на пророчки коски Кралеви Приближни датуми Јиншју I Пан Генг, Шјиао Шјин, Шјиао Ји 1300–1250 г. пр. н. е. Јиншју II I Ву Динг 1250–1192 г. пр. н. е. II Ѕу Генг, Ѕу Џјиа 1191–1148 г. пр. н. е. Јиншју III III Лин Шјин, Генг Динг IV Ву Ји, Вен Ву Динг 1147–1102 г. пр. н. е. Јиншју IV V Ди Ји, Ди Шјин 1101–1046 г. пр. н. е.

Места на ископување Распослан на 30 км2, Јиншју е најголемото археолошко наоѓалиште во Кина, а ископувањата откриле над 80 места со темели, вклучувајќи дворци, светилишта, гробници и работилници. Од овие остатоци археолозите можеле да потврдат дека ова бил духовно и културно средиште на династијата Шанг. десно|мини|230x230пкс| Погребна јама кај гробницата на госпоѓата Фу Хао Најдобро зачуваната од кралските гробници од династијата Шанг откопана во Јиншју е гробницата на Фу Хао. Извонредната госпоѓа Хао била војсководец и сопруга на кралот Шанг Ву Динг. Гробницата била откриена во 1976 година од страна на Џенг Џеншјианг и е датирана во 1250 година пр. н. е. Била целосна, го избегнала грабежот што ги оштетило другите гробници на местото, а покрај посмртните останки на кралицата, било откриено дека гробницата содржи 6 скелети од кучиња, 16 скелети на човечки робови и бројни гробни предмети со огромна археолошка вредност. Гробницата била темелно ископана и опширно обновена и сега е отворена за јавноста.

Исто така, на ова место се наоѓа и Изложбена сала на јами со коли каде што се изложени најраните примероци на коли влечени од животни откриени од кинеската археологија. Овие артефакти биле ископани од Работната станица Анјанг на Археолошкиот институт на Кинеската академија за општествени науки и Работниот тим за историски реликвии на општината Анјанг во северните и јужните земји на селото Лиуџјиаџуанг и источната земја на селото Шјиаоминтун и биле изложени во рамките на салата. Секоја од шесте јами содржи остатоци од кочија и два коња. Во пет од јамите биле пронајдени и остатоци од човечка жртва (четири возрасни мажи и едно дете). Изложени се и остатоци Патот на династијата Шанг широк метар 8,35 m, откриен во спортското училиште „Анјанг Аеро“ во 2000 година.

Историска вредност мини| Хоумуву Динг или Симуву Динг Точните пишани записи за Јиншју, како главен град на династијата Шанг откриен во Кина, се од голема вредност за проучувањето на историјата на династијата Шанг. Пред ископувањето на Јиншју, историјата на кинеските пишани записи почнувала во првата година од западната династија Џоу, но со откривањето на натписите на пророчките коски во Јиншју и ископувањето во Јиншју, било потврдено постоењето на династијата Шанг во Кина, и рамката на раната древна кинеска историја била реконструирана, овозможувајќи да се процени веродостојноста на традиционалните документи што се користат за одредување на историјата на династијата Шанг.

Помеѓу 150.000 пророчки коски откопани во Јиншју, пронајден е најраниот доказ за сегашниот кинески систем на пишување. Културните реликвии во Јиншју претставени со бронзени и жадови производи, како и погребните обичаи во Јиншју, претставени со човечка жртва, жртва на коли и коњ, животинска жртва итн., обезбедуваат единствен доказ за културната традиција на доцната династија Шанг.

Како урнатини на доцниот главен град Шанг, Јиншју открил голем број работилници за ракотворби и голем број ракотворби. Примероците на сите видови прибор го покажуваат високото уметничко ниво на династијата Шанг, особено шарите на бронзената опрема, од примерок на животинско лице до примерокот таотие (饕餮), сите покажуваат уметнички стил во тоа време, обезбедуваат важни материјали за да се разбере уметничкиот развој и естетскиот статус на династијата Шанг. Големите бронзени производи ископани на месноста, како што е симуву динг, итн., излеани во калапи, имаат големо значење во кинеската историја на металургијата.

Натписите на пророчките коски и бронзените предмети откопани во Јиншју докажуваат дека Анјанг бил општество од бронзеното време. Ова општество има и пишување и металургија, кои се двата најочигледни показатели за една цивилизација.

Во однос на урбаниот распоред и архитектура, прстенестиот и отворен урбан распоред на урнатитени Јин има големо влијание врз подоцнежните капитални градби. Исто така користи и реки за контрола на поплави и користи греди за поддршка на тулите и дрвото во архитектурата. Архитектурата и создавањето на традиционалната кинеска архитектура носат многу вдахновение.

Генетски проучувања Проучувањето на митохондријалната ДНК (наследена по мајчина линија) од гробовите на Јиншју покажала сличност со современиот северен кинески Хан, но значителни разлики од јужниот кинески Хан.

Поврзано Историски престолнини на Кина Хуанбеи

Наводи

Надворешни врски Дом на светско наследство на УНЕСКО - Список на Јиншју

Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Шанг (династија) Категорија:Градови во Хенан Категорија:Историја на кинеската архитектура Категорија:CS1-грешки: недостасува списание Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Координати на Википодатоците