Време е за авантура (, буквално: Време за авантури) — анимирана серија што раскажува за авантурите на едно момче, Фин, и неговиот пријател, кој е волшебно куче, англискиот булдог Џејк, во постапокалиптичниот свет наречен Земјата У (англ. Land of Ooo). Создадено од Пендлтон Ворд и произведено од Frederator Studios и Cartoon Network Studios за Cartoon Network во 2010 г.

Серијата е заснована на кусометражниот филм Random! Cartoons од 2007 г. Тогаш цртани на Nickelodeon Animation почнале да се прикажуваат на Nicktoons. Откако кусометражниот филм станал голем хит на семрежјето, раководителите на Nickelodeon го отфрлиле, пред Cartoon Network да нарача долгометражна серија од Зајберт и Ворд, чија премиера била на 11 март 2010 г. Емисијата била премиерно прикажана на Cartoon Network на 5 април 2010 г. и завршила на 3 септември 2018 г.

Содржина Серијата ги следи авантурите на момчето Фин и неговиот посвоен брат и најдобар пријател Џејк, кој е куче со волшебни моќи и може да се претвори во каков и да сака облик. Фин и Џејк живеат во постапокалиптичната Земја У, каде што се борат против различни чудовишта и непријатели како Снежниот Крал или Лич. Фин и Џејк живеат во голема куќа на дрво во близина на Царството на Бонбоните, каде владее принцезата Баблгам.

Фин ветува дека ќе им помогне на сите и ќе биде храбар јунак. Земјата У е исполнета со многу царства и ликови. На Фин и Џејк им помагаат роботот Би-Мо, вампирската принцеза Марселин, принцезата на Грутчестото Царство, древниот јунак Били, Леди Дождорог, саканата Огнена Принцеза на Фин, и многу други ликови.

Наводи

Надворешни врски

Archive of Frederator's blog Adventure Time on Cartoon Network

Категорија:Цртани филмови Категорија:Анимирани серии Категорија:Американски анимирани телевизиски серии