Чудесниот свет на Гамбол () — анимирана серија создадена од Бен Бокле. Серијата започнала во Обединетото Кралство на 2 мај 2011 г. и една недела подоцна на 9 мај 2011 г. во САД на Cartoon Network. Прегледот бил прикажан на 3 мај 2011 г. во САД. Пилотската епизода е на 8 мај 2008 г. Чудесниот свет на Гамбол се прикажува и на македонскиот Cartoon Network.

Серијата се врти околу животите на дванаесетгодишниот Гамбол Вотерсон, сина мачка, и неговиот најдобар пријател и посвоен брат што е златна рипка, 10-годишниот Дарвин, кој посетува средно училиште во измислениот град Елмор. Тие често се вмешани во разни лудории низ градот, за време на кои општат со членовите на семејството — помладата сестра Анаис, мајката Никол и таткото Ричард — и со широка екипа споредни ликови. Единствена одлика на серијата е недостатокот на стилско единство. Ликовите се дизајнирани, снимени и анимирани со користење повеќе стилови и техники (стилизирана традиционална анимација, кукларство, CGI, кадар по кадар, флеш-анимација, игран филм итн.).Interview with Ben Bocquelet in Toonzone

Наводи

Надворешни врски

Матична страница __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Цртани филмови Категорија:Анимирани серии Категорија:Американски анимирани телевизиски серии