Годисар II ― расказ на Оноре де Балзак. Објавено е во 1844 година и е една од Париските сцени на Човечка комедија.
Резиме на заплетот Во овој многу расказ, сопственикот на една париска продавница продава евтин шал по надуена цена на една богата Англичанка преправајќи се дека порано бил во сопственост на императорката Жозефина.
Тема Приказната е именувана по повторувачкиот лик на Балзак, Феликс Годисар кој не се појавува во оваа приказна. Тој е патувачки продавач и главниот лик на Прочуениот Годисар и се појавува и во голем број други книги на Човечка комедија. Во Годисар II, неговото презиме е користено како општ поим за продавачите, што укажува на нивните сличности. Париските продавачи во приказната се споредувани и со измислениот Феликс Годисар и со вистинскиот политичар Талејран поради нивната итрина. Талејран накратко се појавува и во Годисар II.
Наводи
Надворешни врски
„Годисар II“, превод (од Клара Бел и други) на проектот Гутенберг (целосен текст)
Категорија:Раскази од Оноре де Балзак Категорија:Книги од Човечка комедија Категорија:Француски раскази Категорија:Раскази од 1844 година