Хортонова сфера ― сферичен сад под притисок, кој е користен за складирање на компримирани гасови како што се пропан, течен нафтен гас или бутан во фаза на течен гас.
Историја „Хортонова сфера“ (англиски: Horton sphere или Hortonsphere) е именувана по Хорас Ебенезер Хортон (1843 – 1912), основач и финансиер на фирма за дизајн и градба на мостови во околу 1860 година, споена за да ја основа Chicago Bridge & Iron Company (CB&I) во 1889 година како фирма за градење мостови и ги конструирала првите резервоари за складирање течности на големо кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. CB&I ги изградиле првите теренски подигнати сферични садови под притисок во светот во рафинеријата во Порт Артур, Тексас во 1923 година, и последователно побарал „Hortonsphere“ како регистрирана трговска марка.Justia Trademark Details Justia.com На GT Horton му бил издаден патент на 23 септември 1947 година, опишувајќи како да бидат направени заварените челични потпорни столбови отпорни на топлинско ширење и оптоварување од ветрови врз сферата.US Patents, George T. HORTON 2,427,676
Поради нивниот карактеристичен облик, некои станале предмет на кампањи за зачувување, како што е онаа во гратчето Покипси, Њујорк, Соединети Држави.Central Hudson Gas and Electric Horton Sphere, Poughkeepsie
Изградба и употреба мини|300x300пкс| Хортонови сфери во нафтената рафинерија „MiRO“ кај Карлсруе. Првично, Хортоновите сфери биле градени со заковување на одделни плочи од ковано железо или челик, но од 1940-тите биле од заварена конструкција. Плочите се образувани во фабрики за намотување и се сечени на шаблони.
CB&I го прави големиот дел од сферични садови под притисок во светот. Тие се користени многу за течниот нафтен гас, како и за други испарливи гасови. CB&I ги идентификува следните намени: бензин, безводен амонијак, мономер на винил хлорид (VCM), нафта (лигроин), пропан, пропилен, етан, бутан, течности од природен гас, и бутадиен. Криогенското складирање е можно и за течниот природен гас, метан, етилен, водород и кислород. Гасовите што може да бидат складирани се водород, азот, кислород, хелиум и аргон. Други употреби за примена на Хортоновата сфера, се: вселенски комори, хипербарични комори, еколошки комори, вакуумски садови, обработни садови, садови за тестирање, садови за задржување и садови за пренапони.
Поврзано
Резервоар
Наводи
Категорија:Добивање на нафта Категорија:Резервоари Категорија:Складирање на масло