Владимир Точковски (Струга, 17 мај 1925 – Битола, 1994) ― македонски географ.

Живот и дејност Основно образование завршил во прилепско Кадино Село и битолско Могила. Средно образование стекнал во Битола. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата географија во 1953 година. Како професор и директор работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и на Педагошката академија – Битола, Вишата туристичка школа во Охрид, а потоа и како надворешен соработник во Факултетот за туризам – Охрид. Од 1960 година, е редовен и активен член на Друштвото за наука и уметност - Битола (ДНУБ). Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола, во 1956 година, која ги составил географите од Битолско, Прилепско, Крушевско и Демирхисарско. Се занимавал и со истражувања главно од регионална географија. Докторирал во 1983 година, на Институтот за географија на ПМФ, на темата: „Структурални промени на населението и просторно територијален и функционален развој на населбите во Пелагонија (Битолско - Прилепско Поле)“. Има придонес и во учебникарската дејност.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски

Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Починати во 1994 година Категорија:Починати во Битола Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Природно-математички факултет Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски средношколски професори