Васа Даскаловски (Јабука, 21 јуни 1948 – Скопје, 2003) — македонски географ.

Животопис Д-р Васа Даскаловски бил роден на 21 јуни 1948 година во Јабука, близу Панчево, во САП Војводина. Основното образование го стекнал во Јабука и во Панчево, а гимназија завршил во Охрид во 1967 година. Студирал на Институт за географија на ПМФ во Скопје од 1968-1972 година каде дипломирал со среден успех 9,23 за што е награден и пофален. По стажирањето на Институтот за географија, на 1 јануари 1975 година, бил избран за помлад асистент. Магистрирал во 1980 година на Отсекот за географија и просторно планирање при ПМФ во Белград. Докторирал на Географскиот факултет во 1984 година на темата „Просторно-морфолошка структура и популациски развиток на населбите во Скопската Котлина”. За предавач бил избран во учебната 1981/82 година, за доцент во 1985 година, за вонреден професор во 1991 година, а за редовен професор во 1996 година и бил повторно избран во 2001 година, по предметите географија на населението и географија на населбите. Тој е еден од најначитаните географи. Како самостоен истражувач и раководител учествувал во 16 проекти. Објавил околу 70 научни и стручни трудови и 1 скрипта. Починал во 2003 година во Скопје.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ

Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Луѓе од Јабука Категорија:Починати во 2003 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори Категорија:Социјална географија