Прашок за печиво или печивен прашок — квасец што се користи во производството на разни печива и десерти. Прашокот за печиво е замена за квасец и други супстанции, што се сметале за лоши за луѓето или за самиот производ.

Добивање и механизам на делување мини|220x220пкс| Монокалциум фосфат ("MCP") е вообичаена кисела состојка на домашен прашок за печиво. Натриум карбонат е производ на реакцијата помеѓу натриум хидроксид и јаглерод диоксид:

CO2 + 2 NaOH → Na2CO3 + H2O

Натриум бикарбонат, основната компонента на прашокот за печиво, се добива со дополнително додавање на јаглерод диоксид и киселинско-базната реакција може генерички да се претстави како што е прикажано:

Na2CO3 + CO2 + H2O → 2 NaHCO3

Прашокот за печиво, во киселинско-базната реакција, ослободува јаглерод диоксид во тестото, создавајќи меурчиња кои предизвикуваат нараснување на тестото.

Вистинските реакции се посложени. На пример, почнувајќи од прашокот за печиво и монокалциум фосфат, реакцијата произведува јаглерод диоксид со следнава стехиометрија:

14 NaHCO3 + 5 Ca(H2PO4)2 → 14 CO2 + Ca5(PO4)3OH + 7 Na2HPO4 + 13 H2O

Историја Во текот на 1830-тите, било забележано дека со додавање на натриум бикарбонат и кисело млеко во тестото, печивата добивале помека и воздушна структура. Како решение за проблемот со додавање кисело млеко во тестото, 1840 година во употреба бил воведен тартар. Тартарот бил еден од производите на ферментација на вино.Development of Baking Powder - National Historic Chemical Landmark После тоа, во 1843 година, британскиот хемичар Алфред Бирд патентирал и произвел современа верзија на прашок за печиво, со цел да овозможи производство на бесквасен леб за луѓето алергични на квасец. Јустус фон Лајбих, германски хемичар, во 1846 година спроведувал опит во кој се обидел да го нарасне тестото користејќи натриум бикарбонат. Во 1855 година, Ебен Нортон Хорсфорд основал фабрика за производство на прашок за печиво. Тој го патентирал и првиот прашок за печиво со калциум фосфат. Во 1866 година било основано претпријатие за производство на прашок за печиво, чии основачи биле браќата Хогланд.Baking Powder History

Прашок за печиво и сода бикарбона Иако прашокот за печиво и сода бикарбона се користат за иста цел (нараснување на тестото), овие две супстанции значително се разликуваат во нивниот хемиски состав. Имено, сода бикарбона се состои само од натриум бикарбонат. Додека прашокот за печиво, покрај натриум бикарбонат, содржи и тартарат (KHC4H4O6) и пченкарен скроб. Заедничко им е тоа што имаат ист начин на делување на тестото, па затоа е можно да се замени едното со другото во производството на печива.

Белешки

Наводи

Надворешни врски Cook's Thesaurus: Leavens Descriptions of various chemical leavening agents and substitutions. Baking Powder Contains list of aluminum-free baking powders available in the US.

Категорија:Прехранбени состојки