мини|200x200пкс| Карта на поморските и копнените делови на перуанско-чилеанската граница. Перуанско-чилеанска граница ― меѓународна граница во Јужна Америка. Го дели Чиле од Перу по линија што се протега на околу 10 километри северно од железничката линија Арика-Ла Паз. Границата се протега од кривината на брегот познат како „Лактот Арика“ на Тихиот Океан во внатрешноста на североисток до Андите и висорамнината Алтиплано. Границата е воспоставена во 1929 година со Договорот од Лима. Венецуелските мигранти кои сакаат да влезат во Чиле ја избегнуваат перуанско-чилеанската граница бидејќи таа е подобро чувана од боливиско-чилеанската граница.
Тромеѓата меѓу Боливија, Чиле и Перу се наоѓа во висорамнината Анкомарка во близина на селото Висвири.
Поврзано
Перуанско-чилеански територијален спор Перуанско-чилеански поморски спор
Наводи
Категорија:Граници на Чиле Категорија:Граници на Перу Категорија:Државни граници