Крејвен Ловецот () — американски суперхеројски филм заснован на серијата стрипови на Marvel Comics за Крејвен Ловецот. Произведен е од Columbia Pictures во соработка со Marvel и распределен од Sony Pictures Releasing. Тоа е петтиот филм од медиумската франшиза на „Вселената на Спајдермен од Sony“. Режисер е Џеј Си Шандор, а сценариото го напишале Арт Маркам, Мет Холовеј и Ричард Венк. Во главната улога е Арон Тејлор-Џонсон; Во филмот играат и Аријана Дебос, Расел Кроу, Фред Хехингер и Алесандро Нивола.

Ликот Крејвен бил разгледуван за филмско појавување неколкупати пред Sony да се заинтересира за самостоен филм, како дел од нивната нова заедничка вселена во 2017 г. Венк бил задолжен во август 2018 г., а подоцна се приклучиле Маркам и Холовеј. Шандор влегол во преговори за режија во август 2020 г., а бил потврден во мај 2021 г. кога Тејлор-Џонсон бил избран. Дополнително бирање на глумци се одржало на почетокот на 2022 г., пред да започнело снимањето на крајот на март во Лондон, Англија, и да заврши до средината на јуни. Снимање имало и во Исланд, а се очекувало да има и во Глазгов.

Филмот се појавил во американските кина на 13 декември 2024 г., а во Македонија на 12 декември истата година.

Содржина Сложениот однос на Крејвен со неговиот безмилосен татко, Николај Кравинов, го поставува на пат на одмазда со жестоки последици, охрабрувајќи го да стане не само најголемиот ловец на светот, туку и еден од најстрашните.

Улоги ГлумецУлогаАрон Тејлор-ЏонсонСергеј Кравинов / Крејвен ЛовецотКристофер АботСтранецот (платеник и убиец)Алесандро НиволаНосорогРасел КроуНиколај КравиновФред ХехингерДмитриј Смердјаков / КамелеонАријана ДебосКалипсо

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски научнофантастични филмови