Стефан Филиповиќ () (роден 18 јануари 1987) е црногорски пејач.
Биографија Роден е на 18 јануари 1987 година и има учествувано на многу фестивали. Во 2007 година учествува на MontenegroSong со „Не могу без тебе“ и победи на популарниот фестивал во Будва со песната „Nebo i more“ (Небо и море). Има учествувано и во Европресма во 2006 година освојувајќи го четвртото место со „За њу“.
Во 2008 година ја претставуваше Црна Гора на 53. Избор за песна на Евровизија со песната „Заувиек волим те“, која освои 23 поени и се пласираше на 14. место во полуфиналето.
Категорија:Црногорци Категорија:Евровизија 2008 Категорија:Учесници на Евровизија