Лозница () — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Лозница во Разградската Област. Има население од околу 2.098 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Лозница се наоѓа во источниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 20 километри јужно од регионалниот центар Разград и на 19 километри северно од Трговиште.

Историја Првото познато име на населбата било Кубад’н (на турски: раскрсница, спој на 7 патишта), спомнато во рускиот регистар од 1573 година. Во 1877 година во населбата имало 66 домаќинства.

По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, во селото се населиле балканџии привлечени од богатата природа и погодната локација. Во 1908 година било изградено првото училиште со доброволен труд и средства од побогатите. Во 1934 година селото Кубад’н било преименувано во Лозница.

Во втората половина на 20 век, Лозница се здобила со нов развоен план, чиј автор е арх. Стојко Дончев. Според неговиот проект се изградени и зградата на општината, читалиштето, киното и автобуската станица, спортската сала и здравствената служба. Зградата на поштата е дизајнирана од арх. Антонија Бранкова, а хотелот — на арх. Ристо Мангов. Лозница била прогласена за град на 4 септември 1974 година.

Личности Пенчо Кубадински (1918 – 1995), политик од БКП

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Лозница

Категорија:Населени места во областа Разград Категорија:Градови во Бугарија