1043 Едвард Исповедникот е крунисан за крал на Англија. 1789 Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент. 1917 Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“. 1945 Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар. 1948 Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна. 1973 Во Њујорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон. 1986 IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните. 2008 И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.
3 април