Шифра ВУЈЧЕ (, буквално: Мажот од А.Н.К.Л.) — шпионски филм во режија на Гај Ричи, заснован на истоимената телевизиска серија од 1960-тите. Главните улоги ги толкуваат Хенри Кавил, Арми Хамер и Алисија Викандер. Американската премиера првично била закажана за 16 јануари 2015 г., но подоцна била преместена на 14 август 2015 г. Во Македонија, премиерата се одржала на 20 август 2015 г.

Содржина Почетокот на 1960-тите, врвот на Студената војна. Филмот се сосредоточува на агентот на ЦРА Наполеон Соло и офицерот на КГБ Иља Курјакин. Принудени да го остават настрана своето непријателство, тие се обединуваат во заедничка задача — да запрат меѓународна злосторничка неофашистичка организација што се обидува да ја дестабилизира кревката рамнотежа на силите преку ширење на јадрено оружје и технологија. Единствената предност на овие двајца е Габи, ќерката на исчезнатиот германски научник што е клучот за навлегување во злосторничката организација. Мораат да го најдат и да спречат светска катастрофа.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски шпионски филмови