Константин Николов (Колов, Коловски) Дулев — македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа и припадник на зографскиот род Коловци.
Животопис мини|лево|250п|Христос Седржител на таваница во „Св. Богородица“ во Македонски Брод, 1900 г. мини|240п|Исус Христос, црква „Св. Никола“, Тетово, 1904 г. Автори: Крсте и Константин Николови и Русалим Крстев од Лазарополе. 250px|мини|десно|Надвлезната фреска во „Успение на пресв. Богородица“ во Слоештица. Роден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓал на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Често работел заедно со брат му Крсте Николов. Двајцата во 1891 г. работеле во „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала, Ломско, Бугарија.
Во 1898–1899 г. Константин Николов заедно со Никола Аврамов го изработил иконостасот на црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во Буринец, Струшко.
Во 1900 г. учествувал во живописувањето на храмот „Св. Богородица“ во Македонски Брод. Во 1906 г. ги изработил царските двери, влезните врати кон олтарот, дел од иконите на горните редови на иконостасот и амвонските икони за црквата „Св. Петар и Павле“ во битолското село Крстоар.
Во 1909 г. со Крсте Николов ги насликале иконостасните и други икони за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Долно Дупени, Ресенско.
Во 1924 г. со синовите Јаким и Теодосиј ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Слоештица, Демирхисарско.
Во 1926 г. со синовите Јаким, Томо и Теодосиј ја преживописале припратата на лазарополската црква „Св. Ѓорѓи“, за што говори натписот над јужната влезна врата во нартексот: „За успомен и за здравље обновио ових упореду три малих кубета, својим прилогом! Стефан Симоновић Жупчески са породицом. Живописац Коста Николић са синовима Јаћим Томо и Тодосија. Из Лазаропоља, 10 фебр. 1926 г.“
Во 1927 г. заедно со синовите Јаким и Теодосиј ги обновиле фреските во црквата „Св. Никола“ во мариовска Градешница, сликајќи ги горните подрачја на страничните кораби и средишниот кораб.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски зографи Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Лазарополе