TikTok (се изговара: Тикток) — услуга за создавање и гледање кратки видеа, во сопственост на пекиншката фирма „ByteDance“. Пуштена во 2018 г., меѓународната верзија е водечка платформа за кратки видеозаписи во Кина и станува сѐ попопуларна во другите земји, станувајќи една од најбрзо растечките и најсимнуваните апликации. Во 2018 г., апликацијата имала повеќе од една милијарда корисници од 150 земји. Во Кина, каде апликацијата е најпопуларна, 60 % од корисниците се на возраст од 25 до 44 години, а надвор од Кина, 43 % од корисниците се над 24 години. Според статистика од 2023 г., во Македонија има над 80.000 корисници, 45,5 % се на возраст од 18 до 24 години. Во септември 2021 г., месечната публика на TikTok надминала 1 милијарда луѓе.
Структура TikTok Ltd. е основана на Кајманските Острови на Карибите, а нејзините главни седишта се наоѓаат во Сингапур и Лос Анџелес.
Компанијата поседува четири подружници што се сместени во САД, Австралија (која раководи и со бизнисот во Нов Зеланд), Обединетото Кралство (исто така поседува подружници во Европската Унија) и Сингапур (која раководи со операциите во Југоисточна Азија и Индија).
Нејзината матична компанија, ByteDance со седиште во Пекинг, е во сопственост на основачи и кинески инвеститори, други светски инвеститори и вработени. Една од главните домашни подружници на ByteDance е во сопственост на кинески државни фондови и ентитети преку 1 % „златна акција“.
Вработените известуваат дека постојат повеќе преклопувања меѓу TikTok и ByteDance во однос на управувањето со кадарот и развојот на производи. TikTok тврди дека од 2020 г., нејзиниот извршен директор со седиште во САД е одговорен за донесувањето важни одлуки и ги минимизира своите врски со Кина.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Семрежна култура Категорија:Социјално вмрежување Категорија:Младинска култура