Александар Наумоски — правник, приватен стопанственик, кој еден мандат служел како градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ во периодот од 2017 до 2021 година.
Образование и кариера Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока граѓанско право. Потоа, положил правосуден и нотарски испит. Магистер е по уставно право на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работел на повеќе позиции: советник на генералниот директор за правни прашања во Централен регистар на РМ, како и во Министерството за правда на РМ. Бил член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа.
На локалните избори 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.Биографија
Наводи
Категорија:Градоначалници на Општина Ѓорче Петров