Полк „Кастус Калиновски“ (исто така познат како Полк „Калиновски“, порано како Баталјон „Кастус Калиновски“ до мај 2022 година) — група на белоруски опозициски доброволци кои војувале на страната на Украина во Руската инвазија во 2022 година.

Од март 2022 година, било објавено дека повеќе од илјада Белоруси се пријавиле да се приклучат на единицата. Според сопствените изјави, баталјонот не бил вклучен во Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина за да биде зачувана поголема автономија.

Единицата е именувана по белорускиот и полскиот национален јунак Кастус Калиновски, кој бил водач на Јануарското востание во 1863 година против Руската Империја, одржано во териториите на денешна Белорусија и Литванија.

Било потврдено дека полкот претрпел седум загуби од јули 2022 година.

Структура Почнувајќи од 2023 година, структурата на полкот е како што следува:

Полковен штаб и штаб на чета 1. пешадиски баталјон „Литвин“ 2. пешадиски баталјон „Волат“ „Западен“ баталјон Чета за обука Чета за полициски час Групата за беспилотни летала „Никита Кривцов“ Инженерски вод Медицинска служба Вод за техничка поддршка Финансиска служба Поранешни единици: Трет пешадиски баталјон „Терор“

Поврзано

Белоруски доброволен корпус Одред „Пагонја“ Белоруски полк „Пагонја“ Тактичка група „Белорусија“

Наводи

Надворешни врски

Службен телеграмски канал Службено мрежно место на Полкот „Кастус Калиновски“ Категорија:Појавено во 2022 година во Украина Категорија:Белоруски војски во прогонство Категорија:Воени единици и формации основани во 2022 година Категорија:Територијално одбранбени баталјони на Украина Категорија:Белорусија во Руско-украинската војна Категорија:Проукраински странски доброволни единици во Руската инвазија на Украина Категорија:Статии со извори на украински (uk) Категорија:Статии со извори на белоруски (be)