мини|307x307пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Хаџи Лала (турски: Hacı Lala) — старо скопско маало.
Местоположба Тоа било крајното источно маало на тогашното Скопје и од него започнувал патот кон село Трубарево и селата кон Блатија. Соседни маала му биле Кебир Мехмед Челеби и Искендер Гази. Од Камениот мост било оддалечено 1100 метри источно.
Историја Маалото било основано од муслимани, но поради тоа што било крајно маало, започнала фаза на населување на христијани од околните села. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 15 муслимански и 8 христијански домаќинства. Биле забележани 21 мажи муслимани со едно новороденче и 14 мажи христијани со 2 новороденчиња. Шест мажи муслимани и 22 мажи христијани биле заведени како доселеници, што докажува дека во маалото се одвивал процесот на доселување христијанско население од селата.
Сегашност Денес маалото непостои. На негово место се наоѓа бензиската пумпа Макпетрол, булеварот „Гоце Делчев“ и мостот „Беласица“, а од спортива е молот „Ист Гејт“.
Наводи
Категорија:Стари скопски маала