Баталјон „Спарта“ () — воена единица на народна милиција на проруската Донечка Народна Република во источна Украина. Тие биле вклучени во руските вооружени сили во 2022 година. Единицата се борела против вооружените сили на Украина во Војната во Донбас и Руската инвазија во 2022 година. Била создадена во 2014 година, првично била предводена од Русинот Арсен Павлов (наречен „Моторола“) до неговата смрт во октомври 2016 година, а потоа од Владимир Жога (наречен „Воха“), од Славјанск, до неговата смрт во март 2022.

Баталјонот учествувал во Bитката кај Иловајск, Втората битка на Донецкиот аеродром и неколку помали. Според Foreign Policy, Баталјонот „Спарта“ има „углед на немилосрдност“. Баталјонот извршил воени злосторства во Донбас и е опишан како руска ултранационалистичка група.

Поврзано Проруски воени сили во Украина Борци во Војната во Донбас Бригада „Дух“ Баталјон „Сомалија“

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Воени единици и формации основани во 2014 година Категорија:Проруски воени групи Категорија:Отцепнички сили во Војната во Донбас Категорија:Паравоени организации со седиште во Украина Категорија:Престаноци во 2014 година во Украина Категорија:Војска на Донецката Народна Република Категорија:Руски националистички организации