1492 Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот. 1941 Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна. 1946 Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност. 1961 Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро. 1969 Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка. 1970 Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж. 1971 Излегол првиот соло-албум на Пол Мекартни „McCartney“. 1975 Војската на Црвените Кмери го зазела Пном Пен. 1977 Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите. 17 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 17 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.