Горгула или Јоргула (, Георгула) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во Серското Поле, на 1 км јужно од селото Бајрактар и 5 км североисточно од гратчето Нигрита.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Горгула било мешано чифлигарско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Гургула (Gurgula) имало 27 домаќинства со 6 жители муслимани и 80 жители Грци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Горгула имало 230 жители, од кои 150 Роми, 60 Македонци и 20 Турци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горгула имало 184 Македонци.

Во Грција Во Првата балканска војна Горгула е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 11 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 9.

Во согласност со Лозанскиот договор, грчките власти населиле бегалски семејства со вкупно 11 бегалци од Мала Азија, поради што во пописот од 1928 г. населението броело 21 жител, од кои 19 мажи. Во пописот од 1940 г. селото имало 9 жители, а подоцна во текот на Втората светска војна било целосно напуштено и избришано од евиденција.

Наводи

Категорија:Историски села во Визалтија