Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Здралци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и претставува енориска црква на Рупишкото архијерејско намесништво.
Местоположба Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото.
Историја Црквата е најстариот храм на Здралци по гробишната црква „Св. Никола“, каде било старото место на селото. По постепеното преместување на селото на сегашното место на крајот од XVII и почетокот на XVIII век, околу 1820 – 1830 г. за време на поп Јован (родоначалникот на семејството Попјаневи, грч. Папајоану) е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“. Годините 1820 – 1830 се обележани на нов натпис на храмот. Црквата е реновирана во 2001 г. за време на попот Николас Димитријадис.
Храмот има вреден делумно резбан иконостас со преродбенички икони и царски двери.
Свештеници на храмот Сите свештеници освен најновите двајца биле етнички Македонци.
Список на свештениците во Здралци Име Грчки Белешки Николас Димитриајдис Νικόλας Δημητριάδης Роден во 1939 г. во Ревани. Ракоположен на 30 јуни 1971 г. Служи во Здралци од 1974 г. Сотирис Долопулос Σωτήρης Ντολόπουλος Роден во Дислап во 1914 г. Ракоположен во 1947 г. Служел во Здралци од 1971 до 1974 г., по што се префрлил во еноријата „Сите Светители“ во Костур. Георги Георгиев Γιώργης Γεωργιάδης Роден во Здралци во 1895 г. Ракоположен во 1930 г. и служек во Здралци до 1971 г., а потоа се пензионирал. Починал на 8 февруари 1985 г. и погребан е зад олтарот на „Св. Никола“. Мавриди Μαυρίδης Роден во Желин. Васил Чапаров Βασίλης Τσαπαρόπουλος Роден во 1868 г. во Здралци. Бил свештеник од 1900 до 1929 г. Васил Попјанев Βασίλης γιός ΠαπαΓιάννη Починал млад околу 1900 г. Јане (Јани) Γιάννης Прадедо на семејството Попјаневи (Папајоани). Служел како свештеник уште кога половина село било во Чифлик околу „Св. Никола“. Поп Јане со помош на селаните ја изградил „Успение на пресв. Богородица“ во месноста Попово Гумно.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Богородица, Здралци Богородица, Здралци Категорија:Споменици на културата во Рупишта (општина) Категорија:Појавено во 1830 година