Црквата „Свети Илија“ () — православна црква во Москополе (), област Горица, Албанија. Таа е споменик на културата во Албанија.

Историја и опис Црквата Свети Илија во Москополе, Албанија е висока 11,5 метри, долга 20 метри и широка 13 метри. Има рамен таван на страничните кораби. Наосот е базилички тип и е поделен на три кораби (наосот и двата странични кораби) со два столба. Столбовите се камени и се поврзани со надолжни сводови, над кои високи ѕидови ги делат корабите. Средишниот кораб е осветлен со прозорци кои се наоѓаат на страничните кораби. На јужната страна е клаустерот, како и припратата. На западната страна немало клаустер. Дворот на црквата бил ограден со ѕидови, на чиј агол постоела камбанарија. Истите се обновени.

Наводи

Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Храмови посветени на Свети Илија Категорија:Цркви во Москополе