„Жед“ (српскохрватски: Žeđ) — југословенски тв-филм од 1969 година, во режија на Јоаким Марушиќ, снимен по сценариото на Крешо Новосел, засновано врз истоимениот расказ на Иво Андриќ. Монтажата ја направила Живка Топлак, директор на фотографијата е Миливој Вижинтин, а музиката е дело на Миљенко Прохаска. Улогите ги играат: Вања Драх, Ива Марјановиќ, Угљеша Којадиновиќ, Слободан Алигрудиќ, Вјенцеслав Капурал, Крунпо Валентиќ, Дамир Мејовшек и Саша Биндер.Ivo Andrić: Žeđ, hrvatski film (1969.) (пристапено на 15.1.2024)
Синопсис Дејствието се одвива во 1878 година за време на австроунгарската окупација на Босна и Херцеговина. Заповедникот на жандармериската станица во Соколац добива задача да го уништи ајдучкото движење во тој крај. Заповедникот бара од уапсениот водач на ајдуците (кој е ранет) да ги предаде другарите, а кога тој одбива, наредува да го мачат со жед. Младата сопруга на заповедникот, која штотуку е дојдена од градот, тешко го поднесува мачењето на ајдукот кој е затворен во подрумот на нивната куќа...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Босна Категорија:Филмови засновани на раскази Категорија:Филмови на Телевизија Загреб Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Филмови на Јоаким Марушиќ Категорија:Филмови со Ива Марјановиќ Категорија:Филмови со Вања Драх Категорија:Филмови со Угљеша Којадиновиќ Категорија:Филмови со Крунпо Валентиќ Категорија:Филмови со Вјенцеслав Капурал Категорија:Филмови со Слободан Алигрудиќ Категорија:Филмови со Дамир Мејовшек Категорија:Филмови со Саша Биндер