Подгорјански амам () — поранешен амам во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија.

Амамот е од типот на единечна бања со купола и претставува единствената останата градба од османлиско време во селото. Се наоѓа на 50 м северно од месноста Цириф, од левата страна на рекичката Лакос (Криорема) над параклисот „Св. Петка“. Датира веројатно од XVII век. Бањата има димензии од 6,60 × 4,50 м. Има две простории — правоаголно претсобје и главна просторија со купола од тули.

На 22 октомври 1997 г. амамот е прогласен за заштитен археолошки споменик.

Наводи

Категорија:Бањи во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Кушница