753 п.н.е. Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим. 1836 Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила мексиканските сили на генералот Антонио Лопес де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција. 1944 Жените во Франција добиле право на глас. 1918 Прва светска војна — германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот Барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција. 1946 Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа била претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна. 1956 Елвис Присли за првпат се искачил на првото место на топ-листите. 1967 Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните седум години. 1994 Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД. 2001 Во Јужна Африка се одржала борбата меѓу актуелниот првак Ленокс Луис и предизвикувачот Хасим Рахман. Рахман победил со нокаут во петтата рунда, со што станал светски првак во бокс, во тешка категорија, во верзиите на WBC, IBF и IBO. 21 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 21 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.