Свети Никола — главна манастирска црква на Железноречниот манастир во гостиварското село Железна Река, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа источно од селото, оддалечено од него неколку километри. Црквата се наоѓа високо над селото и до нејзе води земјен пат.
Историја
Во минатото на местото каде е денешната црква постоел манастир „Св. Никола“. На манастириштето во 1927 година биле извршени ископувања, при што биле пронајдени темели од манастирска црква, стари пари и еден крст. Со прилози кои ги собрала Дукадинка од родот Сталевци истата година на старото место бил подигнат нов манастир.
Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Железна Река
Наводи
Надворешни врски
Железна Река Категорија:Железноречен манастир