Свети Ѓорѓи () — црква во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.

Опис Оваа камена црква е изградена во 1847 г., што се гледа од натписот на јужниот надворешен ѕид до страничниот влез на храмот. Архитектонски таа е трикорабна базилика. Од северниот дел е вкопана 1,6 м, од запад 1,2 м, од исток 1 м и од југ 0,35 м. Оградена е со камен ѕид. Внатрешната висина на храмот (во средишната купола) изнесува 10 м, а површината му е 400 м2. Покривот е со закосувања од исток и запад. На западниот ѕид подоцна е додадена припрата од тули. Над западниот дел има женска црква, преправана во 1950-тите.

Внатре има вреден резбан иконостас, кој заедно со резбаниот амвон е изработен во 1930-тите — периодот на економски расцут на селото поради високото производство на ориентални тутуни. Северниот кораб е посветен на св. Атанасиј, а јужниот на св. Илија. Корабите са одделени со колонада. Иконите на иконостасот се дело на Галачишката школа.

На западниот ѕид во 1882 г. (напишана во средината на северната фасада) е изградена камена камбанарија висока 14 м и со основа од 3,50 × 3,50 м.

Поврзано Правишка епархија

Наводи

Богородица Успение, Долно Кочан Богородица Успение, Долно Кочан Богородица Успение, Долно Кочан Категорија:Појавено во 1847 година