Белка и Стрелка се кучиња кои по Лајка, биле испратени во вселената со советскиот вселенски брод Спутник 5 на 19. до 20 август 1960 година. Спутник бил прототип на подоцнежните вселенски бродови Восток.
Целта на експериментот бил можноста за живот на живите суштества во космосот и влијанието на животот во вселената врз живите суштества. Тие се првите живи суштества кои се вратиле од вселената.
Занимливости
По неколку месеци од враќањето од вселената Стрелка родила шест мали кученца. Едно од малите кучиња подоцна и било дадено на Каролина Кенеди, ќерката на американскиот претседател Џон Кенеди, од тогашниот претседател на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов .
Белка и Стрелка подоцна станале херои на цртаните филмови.
Поврзано
Список на познати кучиња Лајка
Надворешни врски
Категорија:Спутник Категорија:Познати кучиња Категорија:Статии со микроформати за вид