518 Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје. 1945 Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот. 1964 Излегло првото издание на „Битолски весник“. 1969 Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи. 1980 Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран. 2001 Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. 2001 Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената. 2004 Кандидадот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев. 28 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 28 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.