Аржантејскиот басен со една едрилица — слика на есенски предел од басенот во Аржантеј во техника масло на платно. Францускиот импресионист Клод Моне ја насликал во 1874 година.
Создавање Делото е создадено за време на престојот на Моне во Аржантеј, град на брегот на Сена, на периферијата на Париз. Тука Моне купил чамец и го користел како пловечко ателје и насликал многу предели од околината.
Национална галерија на Ирска Сликата ја купил ирскиот драматург и активист Едвард Мартин во 1899 година, по совет на неговиот братучед Џорџ Мур. Сликата и била завештана на Националната галерија на Ирска во 1924 година. Се проценува на 10 милиони евра.
Вандализам и реставрација Околу 11 часот на 29 јуни 2012 година, посетителот на галеријата, Ендрју Шенон, ја удрил сликата со тупаница предизвикувајќи „огромна штета, шокантна штета“ со „обемно тространо кинење“.
По 18 месеци реставраторска работа, на 1 јули 2014 година, сликата била повторно изложена во галеријата, но овој пат зад заштитно стакло. При реставрацијата била изгубена 7% од оштетената површина, во процес кој вклучувал повторно шиење со микроскопски конци.
За нападот Шенон бил осуден на 5 години затвор.
Поврзано Список на слики од Клод Моне
Наводи
Надворешни врски , Информации за Националната галерија на Ирска , Процес на реставрација на Националната галерија на Ирска
Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Слики од 1874 година Категорија:Поморски слики Категорија:Аржантеј