Адемола Лукман (роден на 20 октомври 1997 година, во Вандсворт) — нигериски фудбалер со англиско потекло, на и на нигериската репрезентација.
Технички карактеристики Крило, втор напаѓач или офанзивен играч за врска, Лукман е играч со одлични физички предиспозиции и добри технички вештини. Се издвојува по брзината и дриблингот, како и по добрата завршница.
Кариера
Чарлтон Атлетик Лукман израснал во академијата на Чарлтон Атлетик. Своето деби за првиот тим го направил на 3 ноември 2015 во натпревар од Чемпионшип против Милтон Кинс Донс, а првиот гол го постигнал на 5 декември истата година во поразот со 3-2 на гостувањето кај Брајтон енд Хоув Албион. Десет дена подоцна, тој постигнал два гола во ремито 2-2 на домашен терен против Болтон Вондерерс. Првата сезона како професионален фудбалер ја завршил со одлична статистика од 24 настапи и 5 гола, но сепак не успеал да му помогне на клубот да избегне испаѓање во понизок ранг на крајот од сезоната.
Во сезоната 2016-2017 во Лига Еден, Лукман го потврдил своето место во стартната постава на клубот и продолжил со добрата форма, постигнувајќи 7 гола во 25 настапи во првите четири и пол месеци од сезоната. Младата возраст и добрите игри набргу го прават интересен за поголемите клубови поради што тој во јануари 2017 година се разделил со Чарлтон.
Евертон На 5 јануари 2017, Лукман потпишал четири и пол годишен договор со Евертон за непозната сума. Тој го направил своето деби за клубот десет дена подоцна во победата со 4-0 над Манчестер Сити, заменувајќи го Рос Баркли во 90-тата минута и постигнувајќи го четвртиот гол на тимот.
На 27 јули 2017, Лукман го направи својот прв настап во европските натпреварувања, играјќи во победата на Евертон со 1–0 над словачкиот клуб МФК Ружомберок во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лига Европа. На 7 декември 2017, во рамките на последниот натпревар од групата фаза во истото натпреварување, Лукман постигнал два гола во победата со 3-0 на гостувањето кај кипарскиот претставник Аполон Лимасон, што биле негови први голови во евро-турнирите. Во меѓувреме, тој имал проблем да се избори за поголема минутажа за Евертон во натпреварите од Премиер лигата, излегувајќи на теренот само 7 пати во првиот дел од сезоната и сите освен еднаш појавувајќи се од клупата за резерви, што довело до тоа во јануари 2018 да замине на позајмица до крајот на сезоната во германскиот РБ Лајпциг.
На своето деби во Бундеслигата, Лукман го постигнал својот прв гол за Лајпциг за победата со 1-0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, само десеттина минути подоцна откако се појавил во игра од клупата за резерви. Тој уживал во славен престој во Лајпциг каде на 11 натпревари во Бундеслигата постигнал 5 гола и имал особено силен крај на сезоната постигнувајќи три гола во последните два натпревари, победите над и Херта.
По успешниот период во Германија, Лукман се вратил во Евертон каде добил повеќе шанса во текот на сезоната 2018-2019. Тој одиграл вкупно 24 натпревари за карамелите (21 во Премиер лигата) и постигнал еден гол во победата со 2-1 на домашен терен над Линколн Сити во третото коло од ФА Купот.
РБ Лајпциг thumb|150px|Лукман во дресот на РБ Лајпциг во 2019. На 25 јули 2019 година, Лукман се вратил во РБ Лајпциг, овојпат трајно во трансфер кој чинел 18 милиони евра. Сепак, за разлика од претходниот престој во клубот, овојпат Лукман не можел да се наметне кај новиот тренер Јулијан Нагелсман играјќи само 13 натпревари. На 23 октомври 2019, дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-1 над рускиот Зенит.
На 30 септември 2020, Лукман бил позајмен до крајот на сезоната на Фулам. Одиграл 34 натпревари во Премиер лигата и постигнал 4 гола.
На 31 август 2021 година, Лукман бил позајмен на Лестер Сити. На 11 септември 2021 година, го направил своето деби за Лестер влегувајќи како замена во 73-тата минута во поразот од Манчестер Сити со 1-0. На 28 декември 2021 година, Лукман го постигнал единствениот гол во победата на Лестер со 1–0 над Ливерпул.
Аталанта На 4 август 2022 година, Лукман потпишал четиригодишен договор со клубот од италијанската Серија А, Аталанта, во трансфер кој чинел 15 милиони евра. Тој го имал своето деби за клубот од Бергамо на 13 август, во натпреварот со кој било отворено првенството Серија А 2022-2023 одигран на гости против , постигнувајќи го притоа вториот гол во победата со 0-2. На 15 јануари 2023, тој постигнал гол и забележал асистенција во победата со 8-2 на домашен терен против . Тој, исто така, бил прецизен и на своето деби во Купот на Италија, постигнувајќи два гола против во осминафиналето против , одиграно на 19 јануари 2023 година, кое Аталанта го добила со 5-2. На 22 јануари, тој постигнал уште два гола и имал уште една асистенција во ремито 3-3 на гостувањето кај . Првата сезона во Аталанта ја завршил со 13 гола и 6 асистенции, иако последниот гол го постигнал уште на 1 април 2023.
Својот прв гол за сезоната 2023-2024, Лукман го постигнал на 17 септември 2023, во поразот со 3-2 на гостувањето кај во првенството. На 9 декември, тој постигнал два гола во победата со 3-2 на домашен терен над . На 24 април 2024, Лукман постигнал гол во петтата минута од судиското продолжение во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија против Фјорентина, со кој ја одвел Аталанта во финалето.
Атлетико Мадрид На 1 февруари 2026, Лукман потпишал четири ипол годишен со Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги и платиле на Аталанта 35 милиони плус 5 милиони во бонуси.
Репрезентативна кариера Роден во Англија од нигериски родители, Лукман бил подобен да игра и за двете земји.
На 16 мај 2016 година, тој бил повикан во англиската репрезентација под 19 години за натпреварот против Мексико. За истата репрезентација во 2016 година, тој бил повикан да учествува на Европското првенство под 19 години, a една година подоцна бил повикан во репрезентацијата под 20 години за Светското првенство 2017 во Јужна Кореја; на второто првенство, тој постигнал три гола на патот на Гордиот Албион до титулата, што било прво славје за Англичаните на некое фудбалско првенство уште од Светското првенство 1966. Тој, исто така, има одиграно и 11 натпревари и еден гол за англиската репрезентацијата под 21 година.
Во јануари 2020 година, тој го изразил интерес на сениорско ниво да игра за репрезентацијата на Нигерија, која неколку пати претходно ја одбивал надевајќи се дека ќе добие повик да игра за . Дури откако поднел барање за промена на репрезентативното државјанство тој дал изјава во која вели: „Не го сменив мислењето дека сакам да ја претставувам Англија“. Сепак, откако во февруари 2022 година неговото барање било прифатено од ФИФА, тој дефинитивно се одлучил да ја претставува , правејќи го своето деби на 25 март истата година во ремито 0-0 на гостувањето кај во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022. На 13 јуни 2022 година, тој го постигнал својот прв гол за Нигерија во победата со 0-10 над .
Во јануари 2024, бил повикан во составот на Нигерија за Африканскиот куп на нации 2023. На 27 јануари 2024 година, во осминафиналето против Камерун (2-0), тој ги постигнал двата гола за Нигерија со кои и помогнал на репрезентацијата да се пласира во четвртфиналето, каде пак одново бил одлучувачки постигнувајќи го единствниот погодок во успехот со 1-0 над Ангола.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 ФЛЧ 24 5 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 24 5 2016-јан. 2017 ФЛ1 21 5 ФАКуп+ЛК 3+1 2+0 - - - - - - 25 7Вкупно Чарлтон Атлетик 45 10 4 2 - - - - 49 12 јан.-јун. 2017 ПЛ 8 1 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 8 1 2017-јан. 2018 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛЕ 63 настапи во квалификациските кола. 2 - - - 16 2јан.-јун. 2018 БЛ 11 5 КГ - - - - - - - - 11 5 2018-2019 ПЛ 21 0 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 24 1Вкупно Евертон 36 1 6 1 6 2 - - 48 42019-2020 БЛ 11 0 КГ 1 0 ЛШ 1 0 - - - 13 0 2020-2021 ПЛ 34 4 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 35 4 2021-2022 ПЛ 26 6 ФАКуп+ЛК 2+2 0+2 ЛЕ+ЛК 4+8 0 - - - 42 8 2022-2023 А 31 13 КИ 2 2 - - - - - - 33 15 2023-2024 А 18 7 КИ 0 0 ЛЕ 5 0 - - - 23 7Вкупно Аталанта 49 20 2 2 5 0 - - 56 22Вкупно во кариерата 212 46 18 7 24 2 - - 254 55
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови202261202351202463Вкупно175
Титули Светско првенство за играчи под 20 години : 1 Јужна Кореја 2017
Наводи
Надворешни врски
Адемола Лукман на soccerway Адемола Лукман на transfermerkt Адемола Лукман на whoscored Адемола Лукман на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Родени во 1997 година