мини|267x267пкс| Урна со пепел. Урна — сад што се користи за чување на пепел на кремирано починато лице.

Историја Најстарите познати урни што се користеле за чување на пепелот на кремиран покојник датираат од околу 7000 г. пр. н. е. на територијата на археолошкото наоѓалиште Џјиаху во Народна Република Кина, каде се пронајдени 32 примероци.Hu, Yaowu. "Elemental Analysis of Ancient Human Bones from the Jiahu Site," in Acta Anthropologica Sinica, 2005, Vol. 24, No. 2:158–165. ISSN 1000-3193, p. 159. Римјаните ставале урни со посмртните останки на покојникот во групни гробници, колумбариуми. Во Стара Грција постоеле т.н. дипилонски вазни, во Етрурија мали глинени саркофази со ликови на покојникот на капакот, а во околината на Бихаќ, камени јаподски урни со фигурални претстави. Со заживувањето на обичајот на спалување на мртвите, урните повторно стапиле во употреба од 19 век.Urna , Hrvatska enciklopedija, пристапено на 03.02.2024

Поврзано Јаподски урни Крематориум Мртовечки сандак Питос

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Керамика Категорија:Садови Категорија:Кремирање