мини|346x346пкс| Неготинскиот Срез во рамките на Кралството Србија 1913. Неготински Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

Организација и население Кралство Србија После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Неготинскиот Срез припаѓал на Тиквешкиот Округ, заедно со Гевгелискиот и Дојранскиот Срез. Како центар на срезот бил градот Неготино. Во 1913 година тој има 32 општини, со 114 села, 5 селца, две гратчиња и 5 манастири. Градското населние изнесувало 9.911, додека селското население изнесувало 35.685 жители. +Неготинскиот Срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од НеготиноЖители1Бањска33:303552Беглишка7421203Бесвичка3313114Бистреничка32:1511005Бојанчишка4916446Бохулска4612807Ватошка229258Велико Радобиље5912539Војшанска3?51910Доњо-дисанска31:30183011Драговска116204812Дреновска126:45284113Иберлијска3595114Калањевска44:3038915Клисурска1643316Кончанска2878617Криволачка1165018Куријска52:1565919Лесковичка55:30139320Маренска4193621Мрзен-ореовачка3679522Неготинска10405023Пепелишка11:1560024Прждевска32:30141625Рожденска212137226Росоманска13:3060027Сирковачка24270228Скорушка4873529Страговска65180230Тимјаничка10:30103031Уланска5461532Џидимирска63:30595//Кавадаречка//5.861

Кралство СХС Во 1921 година, срезот бил поделен на два дела, односно од него се издвоил Кавадаречкиот Срез. Другиот дел останал во рамките на Неготинскиот Срез, па така тој имал 14 општини и еден град. Градот Неготино имал 2.118 жители, а целиот срез имал 14.828 жители. Поради Првата светска војна, населнението е општо намалено секаде, а во самиот град дури и преполовено.

Јазик Во градот Неготино 99% од населението говорело српски или хрватски. Од другата страна пак, во целиот срез 71% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (28%). +Јазици 1921 годинаЈазикНеготинска околинаГрад НеготиноВкупно%Српски или хрватски836921131048270.69Турски41234412727.83Други218151321.48

Религија Во градот Неготино 99% од населението било православно. Од другата страна пак, на ниво на целиот срез, 33% биле православни, а 66% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаНеготинска околинаГрад НеготиноВкупно%Православни28362108494433.34Муслимани981910982966.28Други550550.38

Кралство Југославија Во 1931 година, Неготинскиот Срез имал 8 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население било 2.519, додека селското население било 10.357. Целиот срез имал 12.876 жители. Како православни се изјасниле 54% од жителите, додека како муслимани 43%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf

77% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 20% говореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Во ФНРЈ По Втората светска војна, Неготинскиот Срез преминува во Неготинска Околија.

Наводи

Категорија:Тиквешки Округ Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Неготино