Средно Каласлари — историско село, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба Селото се наоѓало во источниот дел на денешната Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75, помеѓу Горно и Долно Каласлари. Селото било рамничарско на надморска височина од 217 метри и било оддалечено 6 километри југоисточно од Велес, 31 километар северно од Неготино и 32 километри северно од Кавадарци. Било дел од областа Ќучук Кол.
Историја Селото во XIX век било дел од Велешката Каза, односно нахијата Ќучук Кол. По Првата балканска војна, потпаѓа во рамките на Кралството Србија и било дел од општина Каласлари. Потоа за време на Првата светска војна потпаѓа под бугарска контрола, каде било дел од новата бугарска општина Каласлари. По враќањето на српската контрола во селото, било сместено во рамктие на општина Томислављево.
Население Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средо Каласлари живееле 90 жители, сите Турци.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е дел од општина Каласлари и имало 175 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.
Родови Средно Каласлари било турско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, родови во селото се:
Турски
Доселеници: Каселер (8 к.), Раманлар (18 к.), Газиларден (15 к.), Ѓулалар (12 к.) и Адилар (10 к.), сите наведени родови биле стари јуручки доселеници; Чакарлар (1 к.), избегале во 1878 г. од Ореховско во Бугарија, извесно време живееле во Каратманово и Амзабејли, потоа во Горно Каласлари, а најпосле нивниот предок дошол тука како домазет во родот Раманлар; Ибраимлар (1 к.), нивниот предок Дурак дошол како домазет во Ѓулалар од Каратманово во 1902 г., по потекло Јуруци; Истамболи (1 к.), предокот Асан се доселил од Велес како домазет во Газиларден во 1911 г., а претходно дошле околу 1870 г. од Цариград; Балил (1 к.), и нивниот предок Асан дошол како домазет од Мамутчево во 1913 г., по потекло Јуруци; и Мустафалар (1 к.), Абаз се доселил како домазет во Газиларден од Чалтакчи во 1919 г.
Поврзано
Горно Каласлари Долно Каласлари
Иселеништво Од селото иселеништво има во Турција, каде се иселило турското население.
Наводи
Категорија:Општина ВелесКатегорија:Историски села во Македонија