Месо и крв - холандско-шпански филм од 1985 година, режиран од Пол Верховен (Paul Verhoeven), кој е автор и на сценариото, заедно со Џерард Зотман (Gerard Soeteman). Сценариото е делумно засновано на неискористен материјал од холандската ТВ серија „Флорис“, каде што дебитирале Џерард Зотман, Пол Верховен и Руџер Хауер. Главните улоги ги играат: Руџер Хауер (Rutger Hauer), Џенифер Џејсон Леј (Jennifer Jason Leigh), Том Бурлинсон (Tom Burlinson), Џек Томпсон (Jack Thompson), Фернандо Хилбек (Fernando Hilbeck), Сузан Тајрел (Susan Tyrrell), Роналд Лејси (Ronald Lacey), Брајон Џејмс (Brion James), Џон Денис Џонстон (John Dennis Johnston), Бруно Кирби (Bruno Kirby) итн. Дејствието на филмот се случува во Европа во 1501 година, а насловот имплицира на „сексот и насилството“ како главни теми на филмот. Филмот следи група на платеници во нивните битки, грабежи, силувања и забави. Ова е првиот филм на Верховен кој бил забележан во меѓународни размери. Покрај со одличната режија и уверливата сценографска и иконографска реконструкција на доцниот среден век, „Месо и крв“ се одликува со динамична нарација, голема енергија, импресивна фотографија и впечатливиот настап на глумците, предводени од Хауер и Џејсон Леј.HRT, Krv i meso, američko-nizozemsko-španjolski film (пристапено на 28.11.2020)
Заплет Филмот започнува во 1501 година. Неименувана земја во Западна Европа е под опсада. Благородникот Арнолфини (го игра Хилбек), претходниот владетел на градот, изнајмува многу платеници за да го вратат на престолот. Платениците ги предводи Хоквуд (го игра Томпсон), а во неговата војска се наоѓа и храбриот Мартин (го игра Хауер). Синот на Арнолфини, Стивен (го игра Барлинсон), се обидува да ги отвори градските порти со помош на експлозив, но неговиот експериментален план комично пропаѓа. Градот треба да биде заземен со традиционален напад. За да ги мотивира своите луѓе, Арнолфини им дава 24 часа да зграбат каков било плен што ќе го најдат во градот. Планот успеава и платениците успешно го заземаат градот и ги колат одбранбените војници. За да се ослободи од платениците, во договор со Хоквуд и служејќи се со измама, Арнолфини успева да ги избрка платениците од градот, а Мартин решава да им се одмзади на двајцата. Наскоро, тој дознава дека Стивен ќе се ожени со убавата принцеза Агнес (ја игра Џејсон Леј). Мартин собира група насилници и ја грабнува Агнес во која набрзо се заљубува.
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Филмови на Пол Верховен Категорија:Шпански филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Холандски филмови Категорија:Филмови од 1985 година Категорија:Филмови со Џенифер Џејсон Леј Категорија:Филмови со Руџер Хауер Категорија:Филмови со Том Бурлинсон Категорија:Филмови со Џек Томпсон Категорија:Филмови со Фернандо Хилбек Категорија:Филмови со Роналд Лејси Категорија:Филмови со Брајон Џејмс Категорија:Филмови со Џон Денис Џонстон Категорија:Филмови со Сузан Тајрел Категорија:Филмови со Бруно Кирби Категорија:Филмови на англиски јазик