Турнејата „Minut Srca Mog“ (претходно позната и како Турнејата Розга) е третата концертна турнеја на хрватската поп пејачка Јелена Розга во промоција на нејзиниот трет компилациски албум Minut Srca Mog () (2022). Турнејата била објавена на 20 мај 2022 со прв концерт во Загребачката Арена во Загреб, Хрватска на 17 декември 2022. Турнејата била исто така објавена да ги посети останатите гоелми градови во други балкански држави, како Сплит, Белград, Скопје, Сараево и Љубљана. Подготовките за турнејата започнале во 2022 и Розга ја објавила како својот најголем продукциски проект во нејзината кариера. Жига Сотлар бил главниот кореограф на шоуто а модното дуо eNVy room служело како главен моден дизајнер за изгледот на пејачката.

Тричасовните концерти кои исто така биле поделени на три концепциски дела и вклучувале три промени на костумите се состоеле од песни кои ја опфаќале соло кариерата на пејачката и песни кои ги снимила како главна пејачка на поп бендот Магазин. Почетните концерти исто така добиле ѕвездени рецензии од музичките критичари кои ја пофалиле вокалната енергија, продукцијата и кореографијата кои ги истакнале како нејзините најдобри во 27-годишната музичка кариера. Двата почетни концерти на турнејата биле распродадени кратко по нивното објавување.

Заднина

Јелена Розга првпат ја објавила својата работа на акустичен албум за време на интервјуа во 2019 после успехот на акустичната мешавина на три од нејзините песни „Oprosti mala“, „Opijum“ и „S druge strane mjeseca“ на Јутјуб каналот на народни радио. Во 2022, објавила дека албумот се ближел кон крајот и на 15 септември истата година, потврдила дека насловот на третиот компилациски албум и прв акустичен албум ќе биде Minut Srca Mog како референца на нејзиниот сингл со Магазин од 1996 „Minut srca tvog“ („Минута на твоето срце“). Првата акустична преработка на песната „Zar je ljubav spala na to“ со Матија Цвек и во продукција на Срѓан Секуловиќ - Сканси, била издадена истиот ден заедно со музичко видео. На 21 октомври 2022, „Grizem“, оригинално снимена за вториот студиски албум на Розга, насловен Bižuterija (2011), била издадена како втор сингнл од албумот заедно со визуелно видео режирано од Дарио Радусин. На 14 ноември, Minut Srca Mog (Минута на моето срце) била издадена на Јутјуб и другите стриминг платформи; албумот содржи 19 песни снимени за време на ерата кога пејачката била главен вокалист на групата Магазин и нејзината соло кариера како и преработка на песната „Rano“ од хрватската пејачка Минеа од нејзиниот албум Mino zakona. Сите песни, со исклучок на првиот сингл биле вклучени во оригинална форма, отсвирени и испеани во живо со додавање на инструменти како жици, француски хармоники и медитерански мандолини. Истиот ден, пејачката имала промотивен ден во Загрепскиот Хотел Еспланада, на којшто присуствувале нејзините блиски соработници, пријатели и роднини. Исто така, таа извела неколку од песните на албумот придружена од страна на 20 музичари на сцената. Изјавила дека перформансот бил само „загревање“ за отворачкото шоу на турнејата во Загреб.

Продукција За време на концертите Розга била придружена на сцената од 12 танчари предводени од словенечкиот кореограф Жига Сотлар. Визуелниот дел од концертот бил поддржан од повеќе од 400. квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук. Ласери, пиротехника и анимација исто така ги придружувале песните.

Објавување и промоција На 20 мај 2022, Јелена Розга се појавила на „Living Room acoustic“ емисијата на народни радио каде што извела мешавина од нејзините песни и дала кратко интервју во коешто ја објавила својата претстојна турнеја. Открила дека турнејата ќе започне со концерт во Загребачка Арена во Загреб, Хрватска на 17 декември 2022. Покрај тоа, исто така го споменала издавањето на нов сингл кратко после нејзиниот настап на Fusion World Music Festival на 19 јули 2022. За време на подоцнежно интервју, Розга открила дека вториот концерт на турнејата во Спаладиум Арената во нејзиниот домашен град Сплит, која се одржала дванаесет години по првиот распродаден концерт во истото место, ќе биде „спектакл“ со добро избран тим, светлечко шоу, звучен систем и прекрасна сцена со танчери и инструменталисти.

Концертот во Белград, Србија бил објавен во септември и е закажан за 7 април 2023. За време на интервју на 3 ноември 2022, Розга открила дека концертот ќе биде „најголемото продукциско шоу“ во нејзината кариера. Исто така открила дека за кореографијата ќе се погрижи словенечкиот кореограф Жига Сотлар. Покрај тоа, Розга искористила многу од нејзините балетски танчерски знаења кои ги научила за време на балетските часови од детството.. Турнејата исто така имала предвидено посети на големи градови во Балкански земји, како Скопје во Северна Македонија, Сараево во Босна и Херцеговина и Љубљана Словенија.

Првичниот наслов на турнејата била Турнеја Розга, но по издавањето на компилацискиот албум Minut Srca Mog, турнејата била наречена Турнеја „Minut Srca Mog“.

Мода На првиот концерт на турнејата, којшто се случил за време на вториот ден од Fusion Music Festival, Розга се појавила облечена во вемп стил. Била облечена во црн топ којшто го откривал нејзиниот абдомен и широки црни пантолони. Нејзиниот стил добил пофалби од печатот и модните критичари кои рекле дека промената во нејзината обична облека била видлива и дека успеала да ги искористи алиштата за да даде акцент на своето тело. За вториот настап на шоуто, пејачката ги сменила алиштата трипати и сите биле во склад со песните коишто ги пеела. Носела дизајни од модното дуо eNVy room; ова вклучило црвен комбинезон со кратко кожно здолниште, црн фустан и бел костим во светки. Нејзините костими биле наречени „импресивни“ од новинар којшто пишувал за хрватскиот T-portal.

Синопсис Концертите од турнејата биле поделени во три дела, а за секој од нив пејачката имала посебен аутфит. Сет листата на концертот се отворила со група од 20 танчери коишто марширале на сцената на почетните акорди на „Ne Tiče Me Se“, што проследило со Розга која се појавила на сцена како ја пее песната. Ова било проследено со настап на „Nirvana“ за којашто пејачката извела кореографија заедно со нејзините танчери. По краток говор и пауза, пејачката ја пеела песната „Bižuterija“, којашто претставувала пресвртна точка во нејзината музичка кариера. Во подоцнежниот дел од концертот, пејачката ги изведувала песните „'Ko Me Zove“, „Opijum“, „Suze Biserne“, „S Druge Strane Mjeseca“, „Ako Poludim“, „Jel' Zbog Nje“, „Kad Bi Bio Blizu“, „Dani Su Bez Broja“ и „ Ginem“, најголемиот дел од нив снимени за времето во групата Магазин. Друг сплет на песните од бендот ги вклучувал „Ti Si Želja Mog Života“ и „Ljube se Dobri, Loši, Zli“, двете песни снимени кога Љиљана Николовска била главна пејачка на бендот.

За време на вториот дел од концертот, таа извела некои од поскорешните песни во нејзината кариера, вклучувајќи ги „Dobitna Kombinacija“, „Okus Mentola“, „Daj Šta Daš“, „Moje Proljeće“, „Razmažena“, „Moderna Žena“, „Solo Igračica“, „Roba s Greškom“ и „Cirkus“. За време на последниот дел од концертот, таа била придружена на сцената од Матија Цвек за настапот на акустичната верзија на „Zar je ljubav spala na to“. Последниот дел од концертот ги вклучил „Samo se ljubit' isplati“, „Minut' Srca Mog“ и „Opijum“, којашто била изведена како последна, за време на завршниот дел од концертот.

Критички прием Настапот на пејачката на Fusion Festival бил наречен „прекрасен“ од страна на Ана Самарџиќ од RTL и како „подигнувач на веќе високата енергија“ од Матеа Сушац за Gloria. Настапот во Загребачката Арена добил ѕвездени рецензии; Ивала Лулиќ која пишувала за вебсајтот Glazba.hr го нарекла „шоу на скала на светски изведувачи“. Таа исто така го нарекла концертот „не само концерт, туку вистинско искуство“ и ја пофалила автентичноста на високо испланираниот тричасовен перформанс. Завршила со рецензијата со забелешката: „Јелена Розга имаше беспрекорно шоу, настап којшто не беше ништо пократок од спектакл преполн со вокална моќ и емоции... концертот беше дефинирачкиот момент којшто оддава почит на нејзината 27-годишна карира и иднина којашто никогаш не изгледала посветла“. Друг новинар за T-portal којшто пишувал рецензија за истиот концерт, го нарекол „спектакуларенc и потврда дека „пејачката припаѓа на еден од најтестните кругови на најголемите ѕвезди во регионот. Новинарот исто така го пофалил Милош Шаровиќ за поставувањето на сцената. Анѓела Пармаќ и Анте Перичиќ, коишто пишувале рецензија на концертот за Novi list, забележале дека пејачката имала „безгрешен избор на песни, прекрасна сцена и неверојатна енергија“ којашто „целосно ја зачудила“ публиката.

Бојана Кркељиќ од Нова ги пофалила сите аспекти на Белградското шоу на Розга, вклучувајќи ја „демонстрацијата на прекрасни вокални способности и енергија на којашто многу би ѝ позавиделе, перфектна кореографија, беспрекорна сценографија и најсовремени аудио-визуелни ефекти.“ Концертот којшто пејачката го одржала на 10 февруари 2024 во Скопје бил „исполнување на една од нејзините најголеми животни желби“. Нејзиниот концерт добил критички пофалби од македонскиот печај, вклучувајќи и новинар од Република којшто ги пофалил нејзинит вокални и танчерски способности и промената во аутфитите за време на концертот. Розга завршила со концертот, велејќи: „Љубовта и енергијата коишто ги добив вечер не можат да бидат опишани со зборови. Многу сум благодарна на сите затоа што имав можеби еден од најемоционалните концерти. Ти благодарам Скопје, си поминав прекрасно“. Според новинар од македонскиот весник Црно и Бело, концертот на Розга бил „спектакуларен“, „по светски стандарди“, нејзините дванаесет танчари ја извеле кореографијата како едно.Извадоци од концертот во Скопје Според новинарите, концертот бил многу добро прифатен од страна на обожавателите на пејачката, а атмосферата вклучувала „музичко цунами и хорско пеење, кренати раце и насмеани лица, но и фактот што по три часа никој не сакал да си замине дома“. Концертот во Скопје бил посетен од страна на претходниот премиер на државата Димитар Ковачевски.

Комерцијален успех Во ноември 2022, било објавено дека првиот концерт на пејачката во Загребачката Арена бил распродаден, речиси месец дена пред неговиот закажан датум и бил посетен од повеќе од 20,000 луѓе.

Концерт во Скопје Промоцијата за концертот во Скопје на пејачката започнала во јануари 2024 година. Таа прво се појавила на дружба во скопскиот мол каде што поминала време во разговори со обожавателите, потпишување на автограми и со малечки деца. Потоа дала интервјуа за македонските телевизии Канал 5, Ексклузив и Бекстејџ во коишто опишала дека таа ментално ја подготвувала турнејата речиси 10 години во нејзината глава и имала замисла за деталите на шоуто.