Берик () — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. Се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.
Географија Селото се наоѓало на околу 5 км источно од селото Д’мбени, на мало растојание западно од патот Костур - Лерин (ЕО15). Лежело во истоимената клисура Берик на Рулска Река, тука наречена Бистрица или Бериг, (на грч. Ладопотамос). Денес тука се наоѓа и стариот Берички мост.
Историја Берик било мало село, напуштено на крајот од XVIII век во немирното време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Берик, спахиски зиамет и тимар со 18 христијански домаќинства, 26 ергени христијани и 4 вдовици христијанки. Жителите на Берик заедно со оние од околните села го основале селото Д’мбени, но некои семејства од Берик се преселиле во други блиски села.
Поврзано Спилието (Берик) Берички мост Корешта
Наводи
Категорија:Историски села во Костур Категорија:Д’мбени Категорија:Корешта