Сајново — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.
Историја Сајново било мало село напуштено на крајот од XVIII век во немирното време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Дел од неговите жители го основале Д’мбени.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур Категорија:Д’мбени