Реј Манај (роден на 24 февруари 1997 година, во Лушње) — албански фудбалер, на и на албанската репрезентација.

Технички карактеристики Централен напаѓач, кој може да се користи и како втор напаѓач, со добар осет за гол. Поседува одлична брзина која што му помага да избега од противничките дефанзивци, а има и добра физичка подготвеност и отпорност благодарение на физичката форма на неговото телото, што му овозможува да освојува воздушни дуели. Исто така е одличен изведувач на слободни удари и пенали.

Клупска кариера Почетоци Тој израснал во младинските редови на , но кога црвено-белите банкротирале во 2012 година, тој се преселил во блискиот , а од таму на позајмица во . По завршувањето на сезоната со клубот од Лигурија, меѓудругото, и поради смената во раководството на клубот од Едоардо Гароне во Масимо Фереро, тој не бил откупен, по што се вратил во Кремонезе со кој дебитирал во Лега Про и во професионалниот фудбал.

Интер На 15 јули 2015, тој бил позајмен на во замена за заемите на Фабио Егуелфи и Франческо Форте. На 23 август, тој го направил своето деби во Серија А против , влегувајќи како замена неколку минути пред крајот на натпреварот. На 15 декември, тој го направил своето деби во Купот на Италија против (3-0). Во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, тој забележал само 6 настапи за првиот тим, додека со „Примавера“ тимот го освоил Купот на Италија, исто така постигнувајќи гол од пенал во реванш натпреварот од финалето против Јувентус добиен со 1-2.

На 24 јуни 2016 година, тој бил откупен од Интер за сумата утврдена претходното лето, односно 500.000 евра.

Заемите во Пескара, Пиза и Гранада На 11 јули 2016 година, тој се преселил во на сува позајмица заедно со Кристијано Бираги, како дел од договорот кој го донел Џанлука Капрари во Интер во 2017 година. На 21 август, тој го направил своето деби за клубот од Абруцо во натпреварот Пескара- (2-2), заменувајќи го неговиот сонародник Ледијан Мемушај во второто полувреме. На 28 август 2016, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, во натпреварот против кој завршил 2-1 за противниците. Голот бил вброен во статистиката и покрај одземената победа на Сасуоло и последователно прогласена во корист на Пескара со службен резултат (0-3) поради присуството на теренот на Антонино Рагуза, играчот на домашната екипа кој не бил вклучен во списокот поднесен до FIGC.

По само шест месеци, Манај го завршил своето искуство во Пескара со 12 настапи и 2 гола во Серија А. На 18 јануари 2017 година, тој се вратил во Интер, кој го позајмил на Пиза во Серија Б. Своето деби го направил ба 22 јануари, во натпреварот на домашен натпревар против , во кој промашил пенал. На 12 март 2017 година, го постигнал својот прв гол во Серија Б против , во натпревар кој завршил со пораз за неговата екипа од 2-1. Своето искуство во Пиза го завршил (во текот на кое имал и несогласувања со тренерот Џенаро Гатузо) со 17 настапи и 2 гола, испаѓајќи со клубот на крајот од сезоната во Серија Ц.

На 30 август 2017 година, бил постигнат договор за преселба на Манај на годишна позајмица во Гранада, клуб од Андалузија кој се натпреварувал во шпанската Сегунда Дивисион, кој имал право и да го купи на крајот од сезоната. Во текот на сезоната одиграл 19 првенствени натпревари, постигнувајќи еден гол.

Албасете и Барселона На 30 јуни 2018 година, тој се преселил на позајмица во Албасете со обврска да биде откупен на крајот од сезоната, но Интер го задржал правото на враќање на играчот во текот на наредните неколку години. Манај потпишал петгодишен договор со Албасете кој истекувал на 30 јуни 2023 година. Тој уживал во добар почеток на сезоната, постигнувајќи гол од пенал во својот деби натпревар во кој влегол како замена за да и донесе бод на својата екипа во натпреварот против Депортиво Ла Коруња. Тој ја завршил сезоната со 30 настапи и 7 гола во првенството и националниот куп, а на 9 јули 2019 бил откупен од шпанскиот клуб за 2,5 милиони евра.

Во првиот дел од новата сезона постигнал 3 гола на 10 натпревари. На 21 јануари 2020 година, Манај бил купен од Барселона за 700.000 евра плус 2 милиони евра во бонуси, и бил приклучен на Барселона Б во третата шпанска дивизија. Договорот бил потпишан на три ипол години, а своето деби за Барселона Б го направил пет дена подоцна во победата со 2-0 на домашен терен над Ехеа.

На 15 февруари 2020 година, тој го добил својот прв повик во првиот тим на од тренерот Кике Сетиен за натпреварот против Хетафе во рамките на 24-тото коло од Примера Дивисион, но сепак без да излезе на теренот. Откако за вториот тим на Барселона во година и половина забележал 31 настап и 16 голови, на 14 август 2021 година клубот објавил дека Манај ќе биде вклучен во првиот тим.

Специја По неколку години во Шпанија, на 31 август 2021 година, Манај се вратил во Италија каде и се приклучил на на заем од 500.000 евра со право на откуп за 3,5 милиони евра. На 19 септември, тој го направил своето деби со Специја во победата со 2-1 на гоствањето кај Венеција, заменувајќи го Јакопо Сала. На 5 декември, тој го постигнал својот прв гол со екипата од Ла Специја, во ремито 2-2 на домашен терен против 2-2. Во првиот дел од сезоната, Манај најчесто бил користен од тренерот Тијаго Мота како замена од клупата за некој од напаѓачите Јанис Антист, М'Бала Нзола и Давид Стрелец. Откако во декември се изборил за место во стартната постава, Манај почнал да постигнува повеќе голови. Својот втор гол за сезоната го постигнал од пенал во ремито 2-2 на гостувањето кај Салернитана на 7 февруари 2022, а кон крајот на истиот месец постигнал гол и во поразот со 2-1 на гостувањето кај Болоња, што бил негов трет со што ја надминал својата најдобра сезона во Серија А онаа 2016-2017 во која постигнал два гола за Пескара. На 12 март, Манај го постигнал вториот гол за Специја во победата со 2-0 над . Својот петти и последен гол за сезоната го постигнал повторно од пенал во поразот со 2-1 на гостувањето кај . Сезоната ја завршил со 30 настапи и 5 гола во Серија А, помагајќи и на Специја да избори опстанок во лигата, завршувајќи како втор стрелец на екипата зад Даниеле Верде (кој постигнал 8).

Вотфорд На 12 јули 2022 година, Манај потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Вотфорд, член на Чемпионшип лигата, кој го довел од Барселона за необјавена сума. Во својот четврти настап за Вотфорд, Манај го постигнал својот прв гол за стршлените во ремито 1-1 против Бирмингем Сити во кое се појавил во игра влегувајќи од клупата. Тој претрпел повреда на тетивата на почетокот на септември 2022 година и бил успешно опериран од хирургот Ласе Лемпаинен во Турку, Финска.Lasse Lempainen leikkasi torstaina AC Milanin ja Watfordin tähtipelaajat – Näin heidät kuntoutetaan takaisin pelikentille, Helsingin Sanomat, 10 September 2022 Неговиот договор со Вотфорд последователно бил раскинат со заедничка согласност по јануарскиот преоден рок, со што ја завршил својата авантура во Вотфорд по само 6 натпревари и еден гол за клубот.

Сиваспор На 22 август 2023 година, како слободен играч Манај потпишал тригодишен договор со турскиот клуб Сиваспор.

Репрезентативна кариера Манај ја претставувал својата земја во младинските репрезентации на Албанија под 19 и под 21 година. За втората дебитирал со погодок во победата со 2-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство 2019.

На 9 ноември 2015 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Џани Де Бјази за пријателските натпревари против и . Тој го имал своето деби 4 дена подоцна, постигнувајќи гол само 12 секунди по влегувањето на теренот воспоставувајќи рекорд за најбрз постигнат гол од страна на некој албански репрезентативец како и за најмлад играч кој постигнал гол за репрезентацијата. Де Бјази изјавил дека постојат шанси Манај да биде повикан да игра за Албанија на Европското првенство 2016, но сепак, не се нашол на списокот од 27 играчи повикани за првенството.

Потоа, Манај бил стандарден во репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство 2020 и Светското првенство 2022, како и во УЕФА Лигата на нации 2020-2021 каде во рамките на Ц лигата на шест натпревари постигнал два гола и тоа во последните два натпревари од групата против и , помагајќи и на Албанија да избори промоција во Б лигата.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 22 август 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 ЛП 23 2 КИ+КИ-ЛП 3+1 0 - - - - - - 27 2 2015-2016 А 4 0 КИ 2 0 - - - - - - 6 0 2016-јан. 2017 А 12 212 (1) ако не се смета голот во натпреварот подоцна добиен со службен резултат. КИ 1 0 - - - - - - 13 2 јан.-јун. 2017 Пиза Б 17 2 КИ 0 0 - - - - - - 17 2 2017-2018 СД 19 1 КШ 1 0 - - - - - - 20 1 2018-2019 Албасете СД 27+2Плејоф. 6 КШ 1 1 - - - - - - 30 7 2019-јан. 2020 СД 10 3 КШ 1 0 - - - - - - 11 3Вкупно Албасете 37+2 9 2 1 - - - - 41 10 јан.-јун. 2020 Барселона Б СДБ 6+3 1+1 - - - - - - - - - 9 2 2020-2021 СДБ 15+7 8+6 - - - - - - - - - 22 14Вкупно Барселона Б 21+10 9+7 - - - - - - 31 16 2021-2022 А 30 5 КИ 0 0 - - - - - - 30 5 2022-2023 ФЛЧ 6 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 7 1 2023-2024 СЛ 23 14 КТ 3 4 - - - - - - 26 18Вкупно во кариерата 202 51 14 5 - - - - 217 56

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 02/11/2023 Нов стадион 4 септември, Сивас 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 0 Куп на Турција 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Реј Манај на soccerway Реј Манај на transfermerkt Реј Манај на whoscored Реј Манај на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Кремонезе Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Пиза Категорија:Фудбалери на ФК Гранада Категорија:Фудбалери на ФК Албасете Категорија:Фудбалери на ФК Специја Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на Сиваспор Категорија:Родени во 1998 година