Вештачко размножување ― повторно создавање на живот со други средства освен природни средства и природни причини. Тоа вклучува изградба на нов живот следејќи ги човечките планови и проекти. Примери севештачка селекција, вештачко оплодување, ин витро оплодување, вештачка утроба, вештачко клонирање и кинематска репликација.
Вештачкото размножување е еден од аспектите на вештачкиот живот. Вештачкото размножување следи во две класи според нејзиниот капацитет да биде самодоволно: непомошната размножувачка технологија и помошната размножувачка технологија.
Резниците на стеблата на растенијата и нивното ставање во компост е облик на „помошно“ вештачко размножување, ксеноботите се пример за поавтономен вид на размножување, додека вештачката утроба претставена во филмот „Матрица“ илустрира „непомошна“ хипотетичка технологија. Идејата за вештачко размножува доведе до различни технологии.
Теологија Луѓето се стремат да создадат живот уште од памтивек. Повеќето теологии и религии ја замислиле оваа можност како исклучива на божества. Христијанските религии ја сметаат можноста за вештачко размножување, во повеќето случаи, како еретичка и грешна.
Филозофија Иако старогрчката филозофија ја покренала можноста човекот да го имитира творечниот капацитет на природата, било сметано дека ако е можно, човечките суштества ќе ги размножуваат работите како што тоа го прави природата, и обратно, природата ќе ги прави работите што ги прави човекот на ист начин. Аристотел, на пример, напишал дека ако природата направи маси, ќе ги направи исто како што прават луѓето. Со други зборови, Аристотел рекол дека ако природата создаде маса, таквата маса ќе изгледа како маса направена од човекот. Слично на тоа, Декарт го замислил човечкото тело и природата како машина. Декартовската филозофија не престанува да гледа совршено огледало помеѓу природата и вештачкото.
Сепак, Кант ја револуционизирал оваа стара идеја критикувајќи го таквиот натурализам. Кант педагошки напишал:
Луѓето не се поучени од природата, туку ја користат природата како суровина за измислување; без оглед на природните ограничувања наметнати од природните закони, луѓето наоѓаат алтернативи, така што природата не мора да биде пресликувана. Во согласност со Кант (и спротивно на она што мислел Аристотел) Карл Маркс, Алфред Вајтхед, Жак Дерида и Хуан Дејвид Гарсија Бака забележале дека природата не е способна да размножува маси; или авиони, или подморници или сметачи.García Bacca, JD (1963) Metafísica - natural estabilizada y problemática - metafísica espontánea. México: Fondo de Cultura Económica. Кога природата би се обидела да направи авиони, ќе излезат птици. Кога природата би се обидела да создаде подморници, би добила риби. Кога природата би се обидела да создаде сметачи, мозокот би растел. И ако природата се обиде да создаде човек, современиот човек, мајмуните ќе се развиваат. Според Вајтхед, ако бараме нешто природно во вештачкиот живот, во најтешките случаи, ако ништо друго, само атомите остануваат природни.
Хуан Давид Гарсија Бака сумирал:
Според Гарсија Бака, главната разлика помеѓу природните причини и вештачките причини е тоа што природата нема планови и проекти, додека луѓето ги дизајнираат работите следејќи ги плановите и проектите.
Спротивно на тоа, други влијателни автори како Мајкл Бихи, сметајќи дека природните причини отстапуваат од плановите и проектите, го прикажале концептот и ја промовираа идејата за природен интелигентен дизајн, поим што предизвикало неколку сомнежи и жестоки контроверзи. Претходните идеи кои исто така давале позитивна „смисла“ за природното размножување се ортогенезата, синтропијата, оргонот и морфичната резонанција, меѓу другото. Иако овие идеи биле историски маргинализирани и честопати наречени псевдонаука, неодамна биосемиотичарите преиспитуваат некои од нив под симболични пристапи.
Сегашната метафизика на науката всушност препознава дека вештачките начини на размножување се различни од природата, т.е. неприродни, антиприродни или натприродни. Бидејќи биосемиотиката не се насочува на „функцијата“ на животот, туку на неговото „значење“, таа има подобро разбирање за вештачката отколку класичната биологија.
Наука Биологијата, како проучување на клеточниот живот, се осврнува на размножувањето во смисла на раст и клеточна поделба (т.е. бинарна фисија, митоза и мејоза); сепак, науката за вештачко размножување не е ограничена со пресликувањето на овие природни постапки. Науката за вештачкото размножување всушност ги надминува природните облици и природните правила на размножувањето. На пример, ксеноботите ја редефинирале класичната концепција за размножување. Иако ксеноботите се направени од еукариотски клетки, тие не се размножуваат со митоза, туку со кинематска репликација. Таквата конструктивна репликација не вклучува „растење“, туку „градење“.
Помошни размножувачки технологии Целта на помошната размножувачка технологија е да помогне во развојот на човечки ембрион, најчесто поради медицински проблеми поради ограничувањата на плодноста.
Непомошни размножувачки технологии Непомошните размножувачки технологии би можеле да имаат медицински мотивации, но главно се водени од поширока хетеротопска амбиција. Иако овие технологии се првично дизајнирани од луѓе, тие се програмирани да станат независни од луѓето во релативна или апсолутна мера. Џејмс Лавлок предложил дека таквите новитети можат да ги надминат луѓето.
Вештачко клонирање Клонирањето е клеточна размножувачка постапка каде се создавани два или повеќе генетски идентични организми, било со природни или вештачки средства. Вештачкото клонирање обично вклучува уредување на генетскиот код, јадрен пренос на соматски клетки и 3Д биопечатење.
Непомошна вештачка утроба Непомошната вештачка утроба или вештачка матка е уред кој овозможува ектогенеза или екстракорпорална бременост со растење на ембрионален облик надвор од телото на организмот (која вообичаено би го носела ембрионот до крај) без никаква човечка помош. Аспектот на немање помош е клучната разлика помеѓу сегашната технологија за вештачка утроба во современите медицински истражувања, кои сè уште се потпираат на човечка помош. Со оваа хипотетичка технологија без помош, зигот или матични клетки се користени за да биде создаден ембрион кој потоа е инкубиран и следен со вештачка интелигенција во комора составена од биокомпатибилен материјал. Вештачката интелигенција ги одржува неопходните услови за ембрионот да биде развиван и да напредува, продолжувајќи да имитира органска работа и породување со цел најдобро да му помогне на ембрионот да се прилагоди на надворешниот свет.ROMANIS, E. C. Artificial Womb Technology and Clinical Translation: Innovative Treatment or Medical Research? Bioethics, [s. l.], v. 34, n. 4, p. 392–402, 2020. Disponível em: https://discovery.ebsco.com/linkprocessor/plink?id=9e76a8a8-4fe5-3381-b934-4bac5fda0534. Пристапено на 15 февруари 2024Bulletti, C., Palagiano, A., Pace, C., Cerni, A., Borini, A., & De Ziegler, D. (2011). The artificial womb. Annals of the New York Academy of Sciences, 1221(1), 124-128.
Ектогенезата како бременост, прикажана во научнофанатастичниот филм „Матрица“, е стварност што брзо се приближува. Овој вид на иновации однапред претпоставува дека утробите на 'рбетниците не се единствениот начин за носење луѓе или други слични облици на живот.Murphy, J. S. (1989). Is pregnancy necessary? Feminist concerns about ectogenesis. Hypatia, 4(3), 66-84.
Кинематска репликација Може да биде постигната саморепликација без бинарна фисија, мејоза, митоза (или која било друг облик на клеточно размножување која вклучува поделба и растење). Ксеноботите се пример за кинематска репликација.Kriegman, S., Blackiston, D., Levin, M., & Bongard, J. (2021). Kinematic self-replication in reconfigurable organisms. Proceedings of the National Academy of Sciences, 118(49), e2112672118. Тие се биоботи, именувани по африканската канџеста жаба (Xenopus laevis). Ксеноботите се клеточни облици на живот дизајнирани со користење на вештачка интелигенција за да изградат повеќе од себе со комбинирање на клетки од жаба во течен медиум.
Поимот кинематска репликација обично е резервиран за биомолекули (на пр. ДНК, РНК, приони, итн.) и вештачки дизајнирани клеточни облици (на пр. ксеноботи).
Машинска конструктивна репликација Машинската конструктивна репликација го имитира човечкото традиционално производство, но е целосно самоавтоматизирана. Таквата конструктивна репликација е поопшт облик на кинематска репликација, која не мора да вклучува биомолекуларни или клеточни облици. Оваа технологија вклучува и неоргански облици на живот како роботи, киборзи и размножување со вештачка интелигенција.Heaven 2021 https://www.technologyreview.com/2021/05/27/1025453/artificial-intelligence-learning-create-itself-agi/ Конструктивната репликација, како кинематска репликација, не вклучува растење.Bongard, J., & Levin, M. (2023). There’s plenty of room right here: Biological systems as evolved, overloaded, multi-scale machines. Biomimetics, 8(1), 110. Во природата, растењето е потребно за клеточна размножување, каде што клетката расте пред да се подели на две ќерки ќерки. Примери за клеточна поделба се проста делба, митоза и мејоза; овие природни размножувачки постапки бараат растење, но конструктивната репликација не бара растење, туку нечовечки субјект кој врши изградба на повеќе од себе со користење на достапни суровини.
Во сметачка смисла, конструктивната репликација е подразбирано како постапка со повеќе чекори кој вклучува алгоритми за самостојно учење за склопување машини,Shuying W., Junsheng Y. (2021). Assembly Machines. ScienceDirect. https://www.sciencedirect.com/topics/engineering/assembly-machines и може да вклучи машини кои собираат ресурси.(2023). NASA’s Perseverance Rover Shows Off Collection of Mars Samples. Jet Propulsion Laboratory. https://www.jpl.nasa.gov/news/nasas-perseverance-rover-shows-off-collection-of-mars-samples Секоја машина е создадена со „мозок“ на невронска мрежа што може да учи и да се прилагодува врз основа на информациите што ги собира. Целта на таа машина е тогаш да произведе повеќе од себе на најдобар начин што може да го добие.
Таквата автоматизирана конструктивна репликација вклучува поим за наследување и задачи за учење, бидејќи машините создаваат точна копија од себе преку нацрт што им е предаден. Секоја машина потоа учи со текот на времето, правејќи изменувања на својот софтвер и својот план за хардверот на идните машини. Потоа го пренесува тој изменет план на машините што ги создава или помага во создавањето.
Засилување на свеста Засилувањето на постоечката свест е хипотетичка технологија.Hildt, Elizabeth (2019-07-02),Hildt, E. (2019). Artificial Intelligence: Does Consciousness Matter? Frontiers in Psychology, 10, 464281. https://doi.org/10.3389/fpsyg.2019.01535 Оваа идеја вдахнала неколку филмови.Пример е филмот „Чепи“.Пример е филмот „Детриот: Постани човек“ Размножувањето со вештачката интелигенција моментално е дел од иновативен човечки проект,Dhou, K., & Cruzen, C. (2019). An innovative chain coding technique for compression based on the concept of biological reproduction: an agent-based modeling approach. IEEE Internet of Things Journal, 6(6), 9308-9315. кој вклучува код и засилување на тој код. Со други зборови, размножувањето би можело да дојде од информациите што вештачката интелигенција ги собрала преку интернет.
Поврзано
Машка бременост Вештачка матка Ин витро оплодување Ксенобот Оплодување Бременост Концептот на природата во учењата на Маркс Хуан Давид Гарсија Бака
Наводи
Надворешни врски Вештачко размножување - христијански лекари
Категорија:Клонирање Категорија:Трансхуманизам Категорија:Вештачка интелигенција Категорија:Размножување Категорија:Гаја Категорија:Киборзи Категорија:Вештачки живот Категорија:Хипотетичка технологија