Делфинот е морски цицач, близок сродник на китот.

Особености Постојат речиси 40 видови делфини, распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 кг во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигни. Семејството на Delphinidae е најголемо во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот живее во море или океан.

Делфинот како тема во уметноста и во популарната култура „Насмевката на делфинот“ (англиски: Dolphin's Smile) — песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.YouTube, The Byrds - Dolphin's Smile (пристапено на 30.8.2017) Фотографија на два делфина се наоѓа на обвивката на музичкиот албум „Не можеш да ја криеш љубовта засекогаш“ (англиски: You Can't Hide Your Love Forever) на шкотската рок-група „Оринџ џус“ (англиски: Orange Juice) од 1982 година.Discogs, Orange Juice (3) ‎– You Can't Hide Your Love Forever (пристапено на 22 март 2021) „Делфинот Берни“ (англиски: Bernie The Dolphin) — американски филм од 2018 година, во режија на Тери Емерсон и Марти Пул.РТС, Делфин Берни (пристапено на 4 мај 2021)

Категорија:Китови