Мадам Веб () — американски суперхеројски филм заснован на стриповите на Marvel Comics за Мадам Веб. Произведен е од Columbia Pictures и Di Bonaventura Pictures во соработка со Marvel и TSG Entertainment и распределен од Sony Pictures Releasing. Тој е четвртиот филм во медиумската франшиза „Вселената на Спајдермен од Sony“. Режисерка била Ес-Џеј Кларксон, таа го напишала и сценариото заедно со Мет Сазама, Бурк Шарплес и Клер Паркер, заснована на приказната од Керем Санга, Сазама и Шарплес. Главните улоги ги толкуваат Дакота Џонсон, Сидни Свини, Селест О'Конор, Изабела Мерсед, Тахар Рахим, Мајк Епс, Ема Робертс и Адам Скот.

Sony започнал да го развива филмот за Мадам Веб во својата заедничка вселена во септември 2019 г., а Сазама и Шарплес биле најмени да го напишат сценариото. Претходно Керем Санга подготвила нацрт-верзија. Кларксон се приклучила на проектот во мај 2020 г., а Џонсон добила улога на почетокот на 2022 г. Снимањето започнало во средината на јули 2022 г. и се одвивало во Бостон и низ Масачусетс до септември; Снимањето се одржало во Њујорк во средината на октомври и завршило до крајот на годината.

Премиерата на филмот „Мадам Веб“ се одржала на 12 февруари 2024 г. во театарот Regency Village во Вествуд (Лос Анџелес), и во американските кина на 14 февруари. Во Македонија, премиерата била на 15 февруари истата година. Филмот добил негативни одзиви од критичарите.

Содржина Болничарка од Менхетн, која по несреќа развива видовити способности што ѝ овозможуваат да ги гледа идните настани, е принудена да се соочи со откритијата за нејзиното минато; таа мора да заштити три млади жени од таинствен противник што ја сака нивната смрт.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски суперхеројски филмови