Заград — историско село во Прилепско, денес во атарот на прилепското предградие Варош.

Географија Селото се наоѓало северно од прилепското предградие Варош и Маркови Кули. Лежело во западното подножје на сртот Заградски Камен (1.135 м).

Историја Железно време

Кај Заград, на 1 км северозападно од Варош се наоѓа некропола од железно време во која се откриени бронзени фибули со ѕвездести проширувања. Наодите се чуваат во Музејот во Прилеп.

Во Отоманското Царство Во XIX век Заград бил македонско село во Прилепска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Заград имал 95 жители, сите Македонци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заград се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 13 куќи.

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Заград (Zagrad) имало 80 Македонци, сите под егзархијата.

Личности Личности родени во Заград:

Коца Бешироска — учесник во НОВ на Македонија

Наводи

† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Варош